+ -

عَنْ وَائِلٍ الْحَضْرَمِيِّ قَالَ: سَأَلَ سَلَمَةُ بْنُ يَزِيدَ الْجُعْفِيُّ رضي الله عنه رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَقَالَ:
يَا نَبِيَّ اللهِ، أَرَأَيْتَ إِنْ قَامَتْ عَلَيْنَا أُمَرَاءُ يَسْأَلُونَا حَقَّهُمْ وَيَمْنَعُونَا حَقَّنَا، فَمَا تَأْمُرُنَا؟ فَأَعْرَضَ عَنْهُ، ثُمَّ سَأَلَهُ، فَأَعْرَضَ عَنْهُ، ثُمَّ سَأَلَهُ فِي الثَّانِيَةِ أَوْ فِي الثَّالِثَةِ، فَجَذَبَهُ الْأَشْعَثُ بْنُ قَيْسٍ، وَقَالَ: «اسْمَعُوا وَأَطِيعُوا، فَإِنَّمَا عَلَيْهِمْ مَا حُمِّلُوا، وَعَلَيْكُمْ مَا حُمِّلْتُمْ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1846]
المزيــد ...

Од Ваил ал Хадрамиј, се пренесува дека рекол: „Селеме ибн Језид ал Џуфи, радијаллаху анху, го прашал Аллаховиот Пратеник, алејхи селам:
,О Аллахов пратенику, ако владетелите кои владеат со нас, ги бараат од нас нивните права, а ги негираат нашите права, што ни заповедаш да правиме?‘ Тој се оддалечи од него, па тој повторно го праша, а тој пак се сврте од него, и го праша по вторпат или третпат, тогаш Ешас бин Каис го повлече и рече: ,Бидете послушни и покорни, затоа што тие ќе одговараат за она за што се обврзани, а и вие ќе одговарате за она за што сте обврзани.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1846]

Објаснување

Пратеникот, алејхи селам, беше прашан за владетелите кои го бараат своето право од народот, а тоа е послушност и покорност, но тие не им го даваат нивното право: да бидат праведни кон нив, да им го поделат воениот плен, да ја сопрат неправдата и кон сите да се однесуваат рамноправно, па што ни заповедаш да правиме со нив?
Пратеникот, алејхи селам, се оддалечил од него. Како да не ги посакуваше овие прашања, но човекот го повтори прашањето по вторпат и третпат, па Ешас бин Каис, радијаллаху анху, го повлече со цел да го замолчи.
Пратеникот, алејхи селам, тогаш му одговорил и рекол: „Бидете послушни и покорни на нивнате наредби. Тие се одговорни за она со што се задолжени во однос на правдата и исполнувањето на правата на поданиците, а вие сте одговорни за она со што сте задолжени во однос на послушноста, почитувањето на правата и да бидете трпеливи во искушението.“

من فوائد الحديث

  1. Заповедта да се биде послушен и покорен кон владателите во сите околности сè додека тие му се покорни на Семоќниот Аллах, па дури и ако не ги исполнуваат сите права на поданиците.
  2. Грешките на владетелите во нивните должности не ги оправдуваат грешките на луѓето во нивните должности; Секој е одговорен за своите постапки и ќе одговара за своите грешки.
  3. Верата не се заснова на реципроцитет, туку на посветеност кон она со што сме задолжени, дури и ако другата страна не го исполнува она што се бара од неа, како што е спомнато во овој хадис.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية التايلندية الألمانية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الرومانية المجرية الموري الأورومو الجورجية
Преглед на преводи