عَنْ مَعْقِلِ بْنِ يَسَارٍ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«الْعِبَادَةُ فِي الْهَرْجِ كَهِجْرَةٍ إِلَيَّ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2948]
المزيــد ...

Од Макил бин Јесар – Аллах нека е задоволен со него – се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Ибадетот во време на неред (хаос) е како хиџра/преселба кон мене.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2948]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатил – во време на неред, искушенија и убиства, кога се мешаат работите на луѓето – на тоа да се посвети човекот на ибадетот и цврсто да се придржува кон него, бидејќи наградата за тоа е како да направил хиџра кон него. Во такви околности, луѓето обично го занемаруваат ибадетот и се занимаваат со други работи, а само малкумина му остануваат посветени.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за посветеност на ибадетот и свртеност кон Аллах во време на искушенија – како заштита од нив и спас од нередот.
  2. Појаснување на вредноста на ибадетот во време на искушенија и немарност.
  3. Муслиманот треба да ги избегнува местата на искушенија и немарност.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (43)