+ -

عَنْ عَائِشَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهَا عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«الرَّضَاعَةُ تُحَرِّمُ مَا تُحَرِّمُ الوِلَادَةُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [الأربعون النووية: 44]
المزيــد ...

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Доењето го забранува она што го забранува и раѓањето.“

-

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека преку доењето стануваат забранети истите брачни врски како и преку раѓањето и крвното сродство – како чичко, вујко, брат и слично.
Исто така, преку доењето се дозволува она што е дозволено преку раѓањето, сходно шеријатските прописи.

من فوائد الحديث

  1. Хадисот претставува основа за прописите на доењето.
  2. Ибн Хаџер рекол: „Зборовите: ‚Доењето го забранува она што го забранува раѓањето‘ значат и дека го дозволува она што го дозволува раѓањето. Ова е со општ консензус во врска со забраната за брак и нејзините последици – проширување на забраната меѓу детето што доело и децата на доилката, и нивно изедначување со крвните роднини во однос на дозволеното гледање, осамувањето и патувањето заедно. Но, на тоа не се надоврзуваат останатите прописи на мајчинството – како наследството, задолжителното издржување, ослободувањето преку сопственост, сведоштвото, крвнината и укинувањето на казната за убиство.“
  3. Овој хадис ја потврдува забраната поради доење – и тоа како трајна забрана.
  4. Другите хадиси укажуваат дека забраната поради доење се воспоставува со пет јасни доења, и тоа во првите две години од животот.
  5. Забранети поради крвно сродство се:
  6. мајките – и во нив спаѓаат и бабите од страна на таткото и мајката, без разлика колку високо одат,
  7. ќерките – и во нив спаѓаат ќерките на ќерките и на синовите, без разлика колку надолу одат,
  8. сестрите – било по татко и мајка, или само по едниот,
  9. тетките по татко – и во нив спаѓаат сите сестри на таткото, поблиски или подалечни, како и сестрите на дедовците, без разлика колку високо одат,
  10. тетките по мајка – и во нив спаѓаат сите сестри на мајката, поблиски или подалечни, како и сестрите на бабите, без разлика колку високо одат, било од страна на таткото или мајката,
  11. ќерките на братот,
  12. ќерките на сестрата – и во нив спаѓаат нивните ќерки, без разлика колку надолу одат.
  13. Забранетите работи поради доење се исти како и оние поради крвно сродство. Значи: сè што е забрането поради крвна врска е забрането и поради доење, со исклучок на мајката на неговиот брат и сестрата на неговиот син поради доење – тие не спаѓаат во оваа забрана.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية التايلندية بشتو الأسامية الألبانية الأمهرية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الدرية الصربية الطاجيكية الكينياروندا المجرية التشيكية الموري الكانادا الولوف الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية الخميرية
Преглед на преводи
Повеќе...