,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не јадеше два оброка во еден ден, а едниот од тие два да не беа урми.“
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото доаѓање во Медина па сè до неговата смрт – никогаш не се засити со храна од пченица три дена последователно.“
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не остави по својата смрт ни дирхем, ни динар, ни роб, ни робинка, ниту што било друго – освен неговото бело магаре, негово оружје и една нива што ја одреди како садака.“
„Кој од вас ќе го дочека утрото со здраво тело, безбеден во својот дом и има храна за тој ден – како да му е подарен целиот дуњалук.“