عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«الدُّنْيَا سِجْنُ الْمُؤْمِنِ وَجَنَّةُ الْكَافِرِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2956]
المزيــد ...

Ебу Хурejре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2956]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека животот на овој свет за верникот е како затвор, бидејќи е должен да ги исполнува шеријатските обврски – да ги извршува наредбите и да се воздржува од забраните. Со смртта, тој се ослободува од тие ограничувања и преминува кон вечнато насладуваше што Аллах му ја подготвил.
Додека за неверникот, овој свет е како Џенет – живее без ограничувања, според своите желби и страсти. Но, кога ќе настапи смртта, преминува кон трајната казна што Аллах му ја подготвил на Судниот ден.

من فوائد الحديث

  1. Ен-Невеви рекол: „Секој верник на овој свет е како во затвор – оддалечен од забранетите и непожелните страсти, задолжен со извршување на напорни ибадети. Кога ќе умре, се ослободува од сето тоа и преминува кон вечното уживање што Аллах му ја подготвил, кон совршен одмор без никакви маки. Додека неверникот ужива само во малку од тоа што го добива на дуњалукот, а и тоа е испреплетено со непријатности. Кога ќе умре, преминува кон вечната казна и трајната несреќа.“
  2. Ес-Синди рекол: „Зборовите ,затвор за верникот‘ значат дека, иако тој има благодати на овој свет, Џенетот е многу подобар од него. А ,Џенет за неверникот‘ значи дека, иако можеби неговиот живот е тежок, Огнот е многу пострашен од тоа.“
  3. Дуњалукот е безвреден кај Аллах.
  4. Овој свет е место на искушенија и испит за верниците.
  5. Неверникот го добил својот „Џенет“ на овој свет, а на Ахиретот ќе биде лишен од вистинскиот Џенет и неговите вечни наслади.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (34)