+ -

عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المُؤْمِنينَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهَا قَالَتْ:
مَا أَكَلَ آلُ مُحَمَّدٍ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ أَكْلَتَيْنِ فِي يَوْمٍ إِلَّا إِحْدَاهُمَا تَمْرٌ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 6455]
المزيــد ...

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла:
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не јадеше два оброка во еден ден, а едниот од тие два да не беа урми.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 6455]

Објаснување

Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, известува дека семејството на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не јадело два оброка во текот на еден ден, а едниот од тие два оброци да не биле урми.

من فوائد الحديث

  1. Скромноста на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и на неговото семејство – понекогаш не наоѓале во текот на денот освен само еден оброк.
  2. Урмите кај нив биле подостапна и поевтина храна од другата.
  3. Вредноста на зухдот и задоволството со малку од овој свет – и дека тоа е од карактерот на веровесниците и од животописот на предводникот на сите пратеници.
  4. Јадењето два оброка во еден ден е дозволено и исправно, и тоа било од познатите обичаи кај Арапите, така што јаделе еден оброк напладне и друг навечер.
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الهولندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи