Листа на хадиси

1. „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“
عربي الإنجليزية الأوردية
2. „Не сум го видела Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, гласно да се смее па да му се види горниот дел на усната празнина, тој само се насмевнуваше.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
3. „Кога некој од вас ќе види сон што му се допаѓа, нека знае дека е од Аллах, па нека Му заблагодари на Аллах и нека го раскаже. А ако види нешто што го вознемирува, тоа е од шејтанот, па нека побара прибежиште кај Аллах од неговото зло и нека не го спомнува никому, тогаш нема да му наштети.“
عربي الإنجليزية الأوردية
4. „Кој ќе израсне две девојчиња сè додека не станат полнолетни, на Судниот ден ќе биде со мене вака – и ги спои своите прсти.“
عربي الإنجليزية الأوردية
5. „Да знаев дека нема да им отежнам на верниците – или на мојот умет – ќе им наредев да го користат мисвакот при секој намаз.“
عربي الإنجليزية الأوردية
6. „Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
7. „,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
8. ,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам доволно – Ти си тако како што Себеси си се пофалил.‘“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
9. „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Дали сакате да ве известам за жителите на Џенетот? Тоа е секој слаб и понизен човек, кој ако се заколне во Аллах, Тој ќе ја исполни неговата заклетва. И дали сакате да ве известам за жителите на Џехенемот? Тоа е секој груб, самобендисан и горделив човек‘.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
10. ,Знам еден збор кој, ако го изговори, ќе му го отстрани тоа што го чувствува. Ако рече: Еузу биллахи минеш-шејтанир раџим (Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан), ќе му помине тоа што го чувствува.‘
عربي الإنجليزية الأوردية
11. „Добриот сон е од Аллах, а кошмарот е од шејтанот. Ако некој од вас сонува нешто што го плаши, нека плукне (лесно, со воздух и малку плунка) на левата страна трипати и нека побара прибежиште кај Аллах од неговото зло, и тој сон нема да му наштети.“
عربي الإنجليزية الأوردية
12. Реков: „,О, Божји пратенику, во што е спасот?‘ Тој одговори: ,Чувај го својот јазик, нека твојот дом ти биде доволен и плачи за своите гревови.‘
عربي الإنجليزية الأوردية
13. ,Јас постапувам со Мојот роб според тоа како тој мисли за Мене, и Јас сум со него кога Ме спомнува - 6 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
14. „Ја прашав Аиша: ,Со што најпрво започнуваше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе влезеше во куќата?‘ Таа одговори: ,Со мисвак.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
15. Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“
عربي الإنجليزية الأوردية
16. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се трудел во последните десет ноќи повеќе отколку што се трудел во кое било друго време
عربي الإنجليزية الأوردية
17. „Секој кој ќе ги сокрие недостатоците на друг роб во овој свет, Аллах ќе ги сокрие неговите на Судниот ден.“
عربي الإنجليزية الأوردية
18. ,Никој од вас нека не умре, освен со убаво мислење за Аллах.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
19. ,Ако е навистина така како што велиш, тогаш ти како да ги храниш со жежок пепел. И сè додека продолжуваш да постапуваш така, постојано ќе имаш помошник од Аллах против нив.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
20. „Нема да ги допре Огнот стапалата на робот што се испрашиле на Аллаховиот пат.“
عربي الإنجليزية الأوردية
21. „Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
عربي الإنجليزية الأوردية
22. „Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
23. „,Една од работите за кои стравувам за вас по мојата смрт е она што ќе ви се отвори од раскошот и украсите на овој свет.‘ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
24. – Кого го радува Аллах да го спаси од тешкотиите на Судниот ден, нека му олесни на оној што е во тешкотија или нека му го прости долгот.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
25. „Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“
عربي الإنجليزية الأوردية
26. – Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови
عربي الإنجليزية الأوردية
27. ,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“
عربي الإنجليزية الأوردية
28. ,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
29. „О Ебу Хурејре, земи ги овие мои сандали и оди надвор од градината. Кого и да сретнеш, кој искрено сведочи со своето срце дека нема друг вистински бог освен Аллах – израдувај го со веста дека ќе влезе во Џенет.“
عربي الإنجليزية الأوردية
30. „Оној што вешто го чита Куранот – ќе биде во друштво со чесните и покорните писари од мелеците. А оној што го чита со тешкотија и мака – ќе има двојна награда.“ - 10 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
31. „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода
عربي الإنجليزية الأوردية
32. „Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“
عربي الإنجليزية الأوردية
33. „Нема да влезе во Огнот ниту еден човек што учествувал во битката на Бедр или при договорот кај Худејбија.“
عربي الإنجليزية الأوردية
34. „Кога некој од вас ќе умре, секое утро и секоја вечер му се покажува неговото место
عربي الإنجليزية الأوردية
35. „Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
36. „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде тетовирана.“
عربي الإنجليزية الأوردية
37. „Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие сè додека не се разбуди, за детето сè додека не достигне зрелост и за лудиот сè додека не се освести.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
38. „Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“
عربي الإنجليزية الأوردية
39. „Луѓето ќе останат во добро сè додека побрзуваат со ифтарот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
40. „Во времето кога меѓу нас беше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, издвојувавме зекатул фитр за секој – за дете и возрасен, за слободен и за роб – по еден саʿа (мерна единица) храна: или саʿа суво сирење, или саʿа јачмен, или саʿа урми, или саʿа суво грозје
عربي الإنجليزية الأوردية
41. „Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што е потребно да се прочитаат педесет ајети од Куранот.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
42. „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, престојувал во итикаф во последните десет дена од рамазанот, сè додека Аллах не му ја зема душата. По него, и неговите сопруги продолжија да го практикуваат итикафот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
43. „Јадете сехур, зашто навистина во сехурот има бериќет.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
44. „Не постете еден или два дена пред рамазан, освен ако некој практикувал да пости – тогаш нека пости.“
عربي الإنجليزية الأوردية
45. „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пропиша зекатул фитр во количина од еден саʿа урми или еден саʿа јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за дете и возрасен од муслиманите. И нареди да се подели пред излегувањето на луѓето на намаз.“
عربي الإنجليزية الأوردية
46. „Не е дозволено муслиманката да патува патување во должина (колку се поминува за) една ноќ, освен со махрем.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
47. „Кој ќе заборави дека пости, па ќе јаде или ќе пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах (така) го нахранил и го напоил.“
عربي الإنجليزية الأوردية
48. „Присуствував на Бајрам со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, и тој рече: ,Ова се двата дена на кои Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го забранил постењето: рамазанскиот Бајрам, кога го завршува постот, и другиот ден – кога јадете од вашите курбани.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
49. „Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, иннел-хамде вен-ниʿмете леке вел-мулк, ла шерике лек.“ (Се одзивам, Аллаху мој, се одзивам, Ти се одзивам Тебе кому никој не му е рамен, Ти се одзивам, благодарноста и благодатите се Твои, а Твоја е и власта, Тебе кому никој не му е рамен.)
عربي الإنجليزية الأوردية
50. „Барајте ја ноќта на Кадр во непарните ноќи од последната третина на рамазан.“
عربي الإنجليزية الأوردية
51. „Гледам дека вашите соништа се совпаѓаат во тоа дека таа е во последните седум ноќи – па кој сака да ја бара, нека ја бара во тие седум последни ноќи.“
عربي الإنجليزية الأوردية
52. „Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
53. „Кој, на еден верник, ќе му олесни неволја од неволјите на овој свет, Аллах ќе му олесни неволја од неволјите на Судниот ден
عربي الإنجليزية الأوردية
54. „О, луѓе, покајте се пред Аллах! Зашто јас секој ден Му се покајувам Нему повеќе од стопати.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
55. Навистина, Божјиот пратеник се огради од жената што гласно оплакува, од онаа што си ја кине облеката и од онаа што ја бричи косата поради жалост.“
عربي الإنجليزية الأوردية
56. „Синовите Израилови беа предводени од нивните веровесници. Секогаш кога ќе починеше еден веровесник, на негово место доаѓаше друг. И навистина, после мене нема да има веровесник, туку ќе има халифи – и ќе бидат многубројни.“
عربي الإنجليزية الأوردية
57. Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на ибадетот со уште поголема посветеност и го стегаше појасот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
58. „Ибадетот во време на неред (хаос) е како хиџра/преселба кон мене.“
عربي الإنجليزية الأوردية
59. „Ниту еден муслиман нема да упати дова во која нема грев, ниту прекин на роднинските врски, а Аллах да не му даде преку таа дова една од три работи: или ќе му ја исполни веднаш, или ќе му ја зачува за Ахирет, или ќе го заштити од некакво зло во иста мера.“ Асхабите рекоа: „Тогаш да правиме дова уште повеќе.“ А тој одговори: „Аллах ќе даде уште повеќе.“
عربي الإنجليزية الأوردية
60. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моменти на тешкотија и неволја изговарал: „Ла илахе иллеллаху ел-ʿАзим ел-Халим. Ла илахе иллеллаху Раббул-ʿАршил-ʿАзим. Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати ве Раббул-ерд ве Раббул-ʿАршил-Керим.“ (Нема друг вистински бог освен Аллах, Возвишениот и Благиот. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на Величествениот Трон. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на небесата, земјата и Благородниот Трон.)
عربي الإنجليزية الأوردية
61. „Откако му беше објавена сурата ,Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат‘ (Ен-Наср, 1), Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не клањаше ниту еден намаз, а во него да не изговореше: ,Субханеке раббена ве бихамдик, Аллахумме-гфир ли‘ (Славен си Ти, Господару наш, и Тебе ти припаѓа сета благодарност – Аллаху мој, прости ми).“
عربي الإنجليزية الأوردية
62. „Кога некој од вас зева, нека ја покрие устата со раката, во спротивно, влегува шејтанот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
63. „Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори ,елхамдулиллах’, посакај му милост велејќи ,јерхамукаллах’; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговата џеназа.“ - 4 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
64. „Аллах нема да погледне во оној што од горделивост ја влече својата облека по земјата.“
عربي الإنجليزية الأوردية
65. „,Кој со лажно колнење ќе го присвои правото на некој муслиман, Аллах му го наредил Огнот (како казна) и му го забранил Џенетот.‘ Еден човек прашал: ,О Аллахов пратенику, дури и ако е нешто безначајно?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Дури и ако е гранче од дрвото арак.‘“
عربي الإنجليزية الأوردية
66. „Две благодати кои многу луѓе не знаат да ги искористат се: здравјето и слободното време.“
عربي الإنجليزية الأوردية
67. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на неговата сеџда изговараше: „Аллахумме-гфир ли зенби куллеху: диккаху ве џиллеху, ве еввелеху ве ахиреху, ве ʿаланијетеху ве сирреху. (Аллаху мој, прости ми ги сите мои гревови – малите и големите, и првите и последните, и јавните и скриените!)“ - 8 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
68. „Тие што многу проколнуваат, нема да бидат ниту сведоци ниту застапници на Судниот ден.“
عربي الإنجليزية الأوردية
69. „Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“
عربي الإنجليزية الأوردية
70. „Нема да се одржи ниту една седенка на која нема да се спомене Аллах и нема да се испрати салават на нивниот пратеник, а, таа седенка, да не биде причина за нивно каење. Па, ако сака – Аллах ќе ги казни, а ако сака – ќе им прости.“
عربي الإنجليزية الأوردية
71. „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги преферирал сеопфатните дови, а ги оставал другите.“
عربي الإنجليزية الأوردية
72. „Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
عربي الإنجليزية الأوردية
73. „Не колнете го ветерот! А кога ќе видите нешто што не ви се допаѓа, кажете: ,О Аллаху, Те молиме за доброто на овој ветер, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен. А кај Тебе бараме засолниште од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен.‘“ (Аллахумме инна нес-елуке мин хајри хазихир-риих, ве хајри ма фиха, ве хајри ма умирет бих; ве неузу бике мин шерри хазихир-риих, ве шерри ма фиха, ве шерри ма умирет бих.)
عربي الإنجليزية الأوردية
74. „Никој од вас нека не вели: ,Аллаху мој, прости ми ако сакаш; смилувај ми се ако сакаш; дарувај ме ако сакаш‘, туку нека биде решителен во своето барање, бидејќи Аллах го прави она што сака и никој не може да Го принуди.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
75. „Нека биде понижен човекот кому ќе му биде спомнато моето име, и нема да испрати салават врз мене. Нека биде понижен човекот што ќе го дочека месецот рамазан, и нема да му биде простено до неговиот крај. И нека биде понижен човекот чии родители ќе ја доживеат староста кај него, а тој преку нив нема да го заслужи Џенетот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
76. Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“
عربي الإنجليزية الأوردية
77. ,Што им е на тие луѓе што велат вака и вака? А јас клањам и спијам, постам и не постам, и се женам. Кој го остава мојот Сунет – не ми припаѓа мене.“
عربي الإنجليزية الأوردية
78. „Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
79. „Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“
عربي الإنجليزية الأوردية
80. „Кој ќе посети болен чиј рок (смрт) сѐ уште не настапил, и седумпати кај него ќе каже: ,Го молам Возвишениот Аллах, Господарот на Величествениот Арш, да те излечи‘ (ес елуллах ел-Азим, раббел аршил Азим, ен јешфијеке) – Аллах ќе го излечи од таа болест.“
عربي الإنجليزية الأوردية
81. „Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“ - 2 ملاحظة
عربي الإنجليزية الأوردية
82. „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секогаш кога ќе беше ставен пред избор помеѓу две работи, ја одбираше полесната – сè додека во неа немаше грев. А ако во нешто имаше грев, тој најмногу се оддалечуваше од тоа
عربي الإنجليزية الأوردية
83. „Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“
عربي الإنجليزية الأوردية
84. Аллах ќе ги собере сите – и првите и последните – на едно рамно место. Повикот ќе го чујат сите, а погледот ќе ги опфати сите. Сонцето ќе се приближи, и луѓето ќе бидат погодени од толкава мака и тешкотија што нема да можат да ја издржат, ниту ќе имаат сила да ја поднесат
عربي الإنجليزية الأوردية
85. „Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со другите нема да се гледаат.“
عربي الإنجليزية الأوردية
86. „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот што носи женска облека и жената што носи машка облека.“
عربي الإنجليزية الأوردية
87. „Кој има намера да принесе курбан, а се појавила младата месечина од месецот зул-хиџе, нека не зема ништо од своите влакна ниту од своите нокти, сè додека не го принесе курбанот.“
عربي الإنجليزية الأوردية
88. „Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“
عربي الإنجليزية الأوردية