+ -

عن أبي هريرة رضي الله عنه قال:
سُئِلَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَنْ أَكْثَرِ مَا يُدْخِلُ النَّاسَ الْجَنَّةَ، فَقَالَ: «تَقْوَى اللهِ وَحُسْنُ الْخُلُقِ»، وَسُئِلَ عَنْ أَكْثَرِ مَا يُدْخِلُ النَّاسَ النَّارَ فَقَالَ: «الْفَمُ وَالْفَرْجُ».

[حسن صحيح] - [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي: 2004]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели
дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување“, одговори тој. „А што најмногу ќе ги одведе луѓето до Огнот?", „Јазикот и половиот орган." одговорил Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

[حسن صحيح] - [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي - 2004]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснува дека најголемите причини за влез во Џенетот ќе бидат:
Богобојазливоста и убавото однесување.
Богобојазливост е помеѓу тебе и џехенемскиот оган да поставиш препрека, така што ќе ги извршуваш Неговите наредби и ќе ги избегнуваш Неговите забрани.
Убавото однесување е да бидеш со озарено лице, да правиш добрина и да не вознемируваш никого.
И дека најголемите причини за влез во Џехенемот ќе бидат:
Јазикот и половиот орган.
Гревовите кои ги правиме со јазикот се: лажењето, озборувањето, пренесувањето на туѓите зборови и др.
Гревовите на половиот орган се: блудот, хомосексуалноста и други.

Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية البورمية التايلندية الألمانية اليابانية بشتو الأسامية الألبانية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الليتوانية الدرية الصربية الصومالية الطاجيكية الكينياروندا الرومانية المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الفولانية الأورومو الكانادا الولوف البلغارية الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية اللينجالا
Преглед на преводи

من فوائد الحديث

  1. Влегувањето во Џенетот има свои причини кои се однесуваат на нашиот однос со Аллах Возвишениот, меѓу кои е и побожноста. И причини врзани за нашиот однос кон луѓето - убавото однесување.
  2. Опасност која ја има јазикот за неговиот сопственик, тој е една од причините за влез во Џехенемот.
  3. Страстите и развратот се опасни за човекот, и тие се од најчестите причини за влез во Огнот.