عن سَمُرَة بن جندبٍ رضي الله عنه قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«أَحَبُّ الْكَلَامِ إِلَى اللهِ أَرْبَعٌ: سُبْحَانَ اللهِ، وَالْحَمْدُ لِلهِ، وَلَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ، وَاللهُ أَكْبَرُ، لَا يَضُرُّكَ بِأَيِّهِنَّ بَدَأْتَ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2137]
المزيــد ...
Од Семуре бин Џундуб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем вели:
„На Аллах најмил говор Му се четири реченици: Субханалах, Елхамдулиллах, Ла илахе иллаллах и Аллаху Екбер, не е важно со која би започнал.".
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2137]
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известува дека најмили зборови кои Аллах Возвишениот ги сака се четири:
Субханалах: што значи на Аллах не му припишуваме каков било недостаток.
Елхамдулиллах: преставува опишување на потполната совршеност на Аллах, поткрепено со љубов и величање на Аллах.
Ла илахе илаллах: т.е. нема друг кој може со право да се обожува освен Аллах.
Аллаху екбер: Најголем, Највозвишен и Највеличествен од сѐ останато.
Нивната вредност и стекнување на севапите не е условено со редоследот на изговарањето.