عَنِ ابْنِ عُمَرَ رضي الله عنهما عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، قَالَ:
«مَثَلُ الْمُنَافِقِ، كَمَثَلِ الشَّاةِ الْعَائِرَةِ بَيْنَ الْغَنَمَيْنِ تَعِيرُ إِلَى هَذِهِ مَرَّةً وَإِلَى هَذِهِ مَرَّةً».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2784]
المزيــد ...

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Примерот на лицемерот е како примерот на овцата што се движи помеѓу две стада, час оди во едното, час во другото.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2784]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја објаснил состојбата на лицемерот, велејќи дека тој е сличен на овцата што се колеба и не знае кое стадо да го следи, час оди кај едното стадо, час кај другото. Тие се збунети помеѓу верувањето и неверието; ниту се целосно со верниците, ниту надворешно, ниту внатрешно, ниту, пак, со неверниците. Нивниот надворешен изглед потсетува на верниците, но внатрешноста им е полна со сомнеж и колебање, па понекогаш се наклонети кон едните, а понекогаш кон другите.

من فوائد الحديث

  1. Од методите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е да дава примери за што појасно да ги приближи значењата.
  2. Ова ја објаснува состојбата на лицемерите, нивната колебливост и нестабилност.
  3. Предупредување од состојбата на лицемерите и поттикнување на искреност и одлучност во верата, како надворешно така и внатрешно.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)
Повеќе...