عن ابنِ عُمَرَ رضي الله عنهما قال: قال رسولُ الله صلَّى الله عليه وسلم:
«مَن تَشَبَّهَ بِقَوْمٍ فَهُوَ مِنْهُمْ».  
                        
[حسن] - [رواه أبو داود وأحمد] - [سنن أبي داود: 4031]
                        
 المزيــد ... 
                    
Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
,,Кој имитира еден народ, тој е еден од нив." 
                                                     
                                                                                                    
[حسن] - [رواه أبو داود وأحمد] - [سنن أبي داود - 4031]                                            
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во овој хадис ни кажува дека оној кој имитира некого, без разлика дали се неверници или грешници или добри луѓе, постапувајќи според нивни специфични обреди и ритуали во верувањето, богослужба или обичаи - тој се смета за еден од нив. Бидејќи, имитирањето во надворешна смисла води до имитација и во внатрешна смисла, а несомнено е дека имитирањето на некого е производ на восхит кон него, а може да доведе и до љубов, глорификација и до приклонување. А сето ова го води човекот кон тоа да го имитира таквиот и во внатрешните верски работи - Аллах да нѐ сочува од тоа.