عن أبي أيوب رضي الله عنه عن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«مَنْ قَالَ: لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ وَحْدَهُ لَا شَرِيكَ لَهُ، لَهُ الْمُلْكُ وَلَهُ الْحَمْدُ وَهُوَ عَلَى كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ، عَشْرَ مِرَارٍ كَانَ كَمَنْ أَعْتَقَ أَرْبَعَةَ أَنْفُسٍ مِنْ وَلَدِ إِسْمَاعِيلَ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2693]
المزيــد ...
Ебу Ејуб, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:
„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллаху вехдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир‘, десетпати ќе има награда како да ослободил четири робови од потомството на Исмаил.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 2693]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува каква награда ќе му биде доделена на тој што ќе изговори: „Ла илахе иллаллаху вехдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шеј'ин кадир“, што значи дека не постои друг вистински бог освен Аллах, и дека Тој е Единствен во сè, дека му нема рамни, дека само Нему Му припаѓа целосната власт и дека само Тој ја заслужува пофалбата која треба да се искажува со љубов и славење и дека е способен да направи сè, и никој не може да Го надвладее. Кој ќе го изговори овој величествен зикр десетпати во еден ден, ќе има награда како оној што ослободил четири робови од потомците на Исмаил. Во хадисот, потомците на Исмаил се конкретно спомнати бидејќи тие спаѓаат во категоријата на најодбраните луѓе.