عن معاوية رضي الله عنه قال: سمعت النبي صلى الله عليه وسلم يقول:
«مَنْ يُرِدِ اللهُ بِهِ خَيْرًا يُفَقِّهْهُ فِي الدِّينِ، وَإِنَّمَا أَنَا قَاسِمٌ، وَاللهُ يُعْطِي، وَلَنْ تَزَالَ هَذِهِ الْأُمَّةُ قَائِمَةً عَلَى أَمْرِ اللهِ، لَا يَضُرُّهُمْ مَنْ خَالَفَهُمْ، حَتَّى يَأْتِيَ أَمْرُ اللهِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 71]
المزيــد ...

Муавија, радијаллаху анху, рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, како вели:
,Кому Аллах посакува добро, ќе му даде да ја разбере верата. Јас сум само оној кој дели, а Аллах е Оној Кој дава. Овој умет секогаш ќе биде на вистината, нема да му наштети никој што ќе му се спротивстави, сè додека не дојде Аллаховата одлука'.”

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 71]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни кажува дека на оној кого Аллах го сака, ќе му подари правилно разбирање на верата и дека Аллаховиот Пратеник само го дели и им го распределува она кое Возвишениот му го дал во однос на снабдувањето, знаењето и сѐ останато. Затоа, само Аллах е Тој што дава, а сите други се само обични посредници кои не можат никому да бидат од корист освен ако Возвишениот тоа го дозволи, и дека овој умет ќе ја чува вистината и никој нема да им наштети на тој пат, сè до Судниот ден.

من فوائد الحديث

  1. Значењето и вредноста на исламското знаење, на неговото учење и поттикот да се изучува.
  2. Овој умет секогаш мора да ја брани вистината и ако некоја група се откаже или не успее, другата ќе ја преземе обврската.
  3. Правилното сфаќање и разбирање на верата е причина на Аллаховата љубов кон некој од Своите робови.
  4. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дели според наредбата на Аллах и Неговата волја, а тој самиот не поседува ништо.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (63)