عن أبي هريرة رضي الله عنه عن رسول الله صلى الله عليه وسلم قال:
«مَنْ كَانَ يُؤْمِنُ بِاللهِ وَالْيَوْمِ الْآخِرِ فَلْيَقُلْ خَيْرًا أَوْ لِيَصْمُتْ، وَمَنْ كَانَ يُؤْمِنُ بِاللهِ وَالْيَوْمِ الْآخِرِ فَلْيُكْرِمْ جَارَهُ، وَمَنْ كَانَ يُؤْمِنُ بِاللهِ وَالْيَوْمِ الْآخِرِ فَلْيُكْرِمْ ضَيْفَهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 47]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почести својот гостин.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 47]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нѐ известил дека верникот кој верува во Аллах и Судниот ден, кој неминовно ќе се случи и на тој ден ќе одговараме за нашите дела, неговото верување го насочува да ги извршува следниве практики:
Прво: Убаво зборување, како што е славењето и спомнувањето на Аллах, наредувањето за добри дела, одвраќањето од лошите дела, помирувањето на скараните, а доколку не прави вакви работи тогаш е најдобро да молчи, да не вознемирува никого и да внимава на јазикот.
Второ: Почитувањето на соседот, да му прави добрина и да не го вознемирува.
Трето: Почит кон гостинот кој ти дошол во посета, со убава комуникација, со зготвување на јадење и слично.

من فوائد الحديث

  1. Верувањето во Аллах и Судниот ден е основа на секое добро, и го мотивира човекот на извршување добри дела.
  2. Предупредувањето на грев кој се прави со зборување.
  3. Исламот е вера на меѓусебна блискост и благородност.
  4. Овие карактеристики се дел од верувањето и се пофални етички особини.
  5. Прекумерното зборување може да нѐ одведе до непожелни или забранети состојби, од друга страна спасот е во молчењето, освен кога зборуваме за добрина.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (66)
Повеќе...