+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَنْ كَانَتْ لَهُ مَظْلَمَةٌ لِأَخِيهِ مِنْ عِرْضِهِ أَوْ شَيْءٍ فَلْيَتَحَلَّلْهُ مِنْهُ اليَوْمَ، قَبْلَ أَلا يَكُونَ دِينَارٌ وَلاَ دِرْهَمٌ، إِنْ كَانَ لَهُ عَمَلٌ صَالِحٌ أُخِذَ مِنْهُ بِقَدْرِ مَظْلَمَتِهِ، وَإِلَمْ تَكُنْ لَهُ حَسَنَاتٌ أُخِذَ مِنْ سَيِّئَاتِ صَاحِبِهِ فَحُمِلَ عَلَيْهِ».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 2449]
المزيــد ...

Ебу Хурejре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе му нанесе неправда на својот брат – било поврзана со неговата чест или со нешто друго – нека побара халал од него уште денес, пред да дојде Денот кога нема да користи ни динарот ни дирхемот. Ако има добри дела, ќе му се земе од нив според големината на неправдата што ја направил. А ако нема добри дела, ќе се земе од лошите дела на неговиот брат и ќе му се натоварат нему.“

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 2449]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, наредил секој што му направил неправда на својот брат муслиман – било поврзано со неговата чест, имот или живот – да побара од него прошка уште додека е на овој свет.
Тоа треба да се направи пред да настапи Судниот ден, кога ниту златниот динар ниту сребрениот дирхем нема да му помогнат на човек да се откупи од оној кому му направил неправда, бидејќи тогаш пресметката ќе се врши со добрите и лошите дела:
– од добрите дела на неправедникот ќе му се даде на оној што бил угнетен, според големината на неправдата; – а ако неправедникот нема добри дела, тогаш од лошите дела на угнетениот ќе се префрлат врз него, според мерката на направената неправда.

من فوائد الحديث

  1. Поттик за избегнување на неправда и нанесување штета на другите.
  2. Поттик за брзо ослободување од одговорност за правата што им припаѓаат на луѓето.
  3. Добрите дела и нивната награда можат да се уништат и да ја изгубат својата вредност поради неправда и нанесување штета на луѓето.
  4. Аллах не ги простува узурпираните права и нанесената неправда на луѓето сè додека тие права не им бидат вратени на нивните сопственици.
  5. Динарот и дирхемот се средство за придобивање корист само на овој свет, а на Судниот ден надокнадата ќе се врши со добрите и лошите дела.
  6. Некои учени рекле за случаите поврзани со честа: ако оној кому му е направена неправда не знае за тоа, нема потреба да се извести. На пример, ако некој го навредил во одредено друштво, а потоа се покајал, доволно е да побара прошка (да се покае) за него, да прави дова и да зборува убаво за него во истите средби каде што претходно го навредувал. Со тоа ќе се смета како да побарал халал од него.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...