عن أبي هريرة رضي الله عنه قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«لَأَنْ أَقُولَ: سُبْحَانَ اللهِ، وَالْحَمْدُ لِلهِ، وَلَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ، وَاللهُ أَكْبَرُ، أَحَبُّ إِلَيَّ مِمَّا طَلَعَتْ عَلَيْهِ الشَّمْسُ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2695]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Повеќе сакам да кажам: ,субханаллах, елхамдулиллах, ла илахе илаллах, Aллаху екбер‘, отколку да поседувам она врз кое изгрева Сонцето.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2695]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека спомнувањето на Аллах, Возвишениот, преку овие величествени зборови, е подобро од целиот свет и сè што е на него, а тие зборови се:
„Субханаллах“: негираме каков било недостаток кај Аллах.
„Елхамдулиллах“: изразуваме пофалба кон Аллах потврдувајќи ги Неговите совршените особини, вклучувајќи ја љубовта и Неговото величење.
„Ла илахе иллаллах“: нема друго божество кое се обожува со право освен Аллах.
„Аллаху екбер“: Најголем Највеличествен од сето останато.