عَنْ سَلَمَةَ بْنِ الْأَكْوَعِ رضي الله عنه:
أَنَّ رَجُلًا أَكَلَ عِنْدَ رَسُولِ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ بِشِمَالِهِ، فَقَالَ: «كُلْ بِيَمِينِكَ»، قَالَ: لَا أَسْتَطِيعُ، قَالَ: «لَا اسْتَطَعْتَ»، مَا مَنَعَهُ إِلَّا الْكِبْرُ، قَالَ: فَمَا رَفَعَهَا إِلَى فِيهِ.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2021]
المزيــد ...

Селеме ибн ел Екве, радијаллаху анху, пренесува
дека еден човек кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, јадел со левата рака. Пратеникот му рекол: „,Јади со десната рака‘, а тој одговорил: ,Не можам‘. Пратеникот му кажа: ,И да не можеш!‘, ароганцијата не му дозволи да јаде со десна рака. И после ова, овој човек не можеше повеќе да ја крене (десната) рака до устата.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2021]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, виде еден човек како јаде со левата рака, па му нареди да јаде со десната рака, човекот му одговори арогантно и лажејќи, дека не може! Тогаш Аллаховиот пратеник, алејхи селам, упати дова никогаш да не може да јаде со десната рака, Аллах ја прифати неговата дова, и десната рака му се парализираше и никогаш повеќе не можеше да ја подигне десната рака кон својата уста за да јаде или да пие.

من فوائد الحديث

  1. Обврска е да јадеме со десната рака, а забрането е да јадеме со левата.
  2. Надменоста кон верските прописи повлекува казна за сторителот.
  3. Аллах го почестил Својот пратеник Мухамед, алејхи селам, одѕивајќи му се на довата.
  4. Наредувањето на доброто а забрана на лошото е обврска во секоја ситуација, па дури и кога јадеме.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (56)