1. Дома
  2. Категории
  3. Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Хадис Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови

عَنْ ‌حُمْرَانَ مَوْلَى عُثْمَانَ بْنِ عَفَّانَ رضي الله عنه:
أَنَّهُ رَأَى عُثْمَانَ بْنَ عَفَّانَ دَعَا بِوَضُوءٍ، فَأَفْرَغَ عَلَى يَدَيْهِ مِنْ إِنَائِهِ، فَغَسَلَهُمَا ثَلَاثَ مَرَّاتٍ، ثُمَّ أَدْخَلَ يَمِينَهُ فِي الْوَضُوءِ، ثُمَّ تَمَضْمَضَ وَاسْتَنْشَقَ وَاسْتَنْثَرَ، ثُمَّ غَسَلَ وَجْهَهُ ثَلَاثًا، وَيَدَيْهِ إِلَى الْمِرْفَقَيْنِ ثَلَاثًا، ثُمَّ مَسَحَ بِرَأْسِهِ، ثُمَّ غَسَلَ كُلَّ رِجْلٍ ثَلَاثًا، ثُمَّ قَالَ: رَأَيْتُ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَتَوَضَّأُ نَحْوَ وُضُوئِي هَذَا، وَقَالَ: «مَنْ تَوَضَّأَ نَحْوَ وُضُوئِي هَذَا ثُمَّ صَلَّى رَكْعَتَيْنِ لَا يُحَدِّثُ فِيهِمَا نَفْسَهُ غَفَرَ اللهُ لَهُ مَا تَقَدَّمَ مِنْ ذَنْبِهِ».

Од Хумран, слугата на Осман бин Афан, се пренесува дека тој видел како Осман бин Афан побарал вода за абдест. Тој истурил вода од садот по рацете и ги измил трипати. Потоа ја внел својата десна рака во садот, па ја исплакнал устата, вшмукал вода во носот и ја издувал. Потоа го измил своето лице трипати, рацете до лактите трипати, потоа (со влажни раце) ја поминал својата глава , а потоа ја измил секоја нога по трипати, па рече: „Го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема абдест на овој начин, и рече: ,Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови.‘“

صحيح متفق عليه صحيح البخاري - 164

Објаснување

Осман, Аллах да биде задоволен со него, ја објаснил постапката на абдестот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на практичен начин за појасно разбирање. Побарал вода во сад, ја истурил трипати на своите раце, потоа ја внел својата десна рака во садот и зел вода, со која ја исплакнал устата и ја исфрлил. Потоа ја вовлекол водата со здив во внатрешноста на носот, ја исфрлил и го исчистил. Го измил лицето трипати, па ги измил рацете заедно со лактите трипати. Потоа со рака намокрена со вода ја поминал главата само еднаш, и на крајот ги измил нозете заедно со глуждовите трипати.
Кога завршил, Аллах нека е задоволен со него, им кажал дека го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема исто на тој начин абдест. Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги израдувал со веста дека оној кој ќе земе абдест на овој начин и ќе клања два реката, со смиреност и со срцето потполно посветено на својот Господар, Возвишениот, Аллах ќе го награди за потполниот абдест и за искрениот намаз, со простување на сите претходни гревови.

Од придобивките на хадисот

  1. Препорачливо е миењето на рацете пред нивното внесување во садот со вода при започнувањето на абдестот, дури и ако се работи за лице кое во тој момент станало по спиење. Меѓутоа, ако се работи за будење од ноќен сон, тогаш миењето на рацете е задолжително.
  2. Учителот треба да го одбере најјасниот и најефикасниот пат за постигнување разбирање и вкоренување на знаењето кај ученикот, а еден од тие методи е подучување преку практичен пример.
  3. Оној кој клања намаз треба да ги одбие мислите поврзани со работите од овој свет, бидејќи потполноста и совршеноста на намазот се постигнуваат со присуството на срцето во намазот. Сепак, невозможно е целосно да се избегнат мисли, па затоа треба да се труди да се контролира и да не им се препушта на таквите мисли.
  4. Препорачливо е започнување со десната страна при земање на абдест.
  5. Прописно е почитување на редоследот меѓу испирањето на устата, вовлекувањето вода во носот и исфрлањето на водата од носот при извршувањето на абдестот.
  6. Препорачливо е миењето на лицето, рацете и нозете по трипати, додека задолжително е миењето само еднаш.
  7. Простувањето на претходните гревови од Возвишениот Аллах се поврзува со исполнувањето на двата услова: земањето абдест и клањањето два реката, на начинот што е спомнат во хадисот.
  8. Секој дел од телото кој се мие при абдест има своја граница: границата на лицето е од местото каде што започнува вообичаената линија (никнувањето) на косата до долниот дел на брадата и вратот по должина, и од едното до другото уво по ширина. Границата на рацете е од врвовите на прстите до лактите, каде што е зглобот меѓу подлактицата и надлактицата. Границата на главата е од вообичаената линијата на (никнувањето) на косата на страните на лицето до горниот дел на вратот, со тоа што ушите се вклучени во поминувањето на водата преку главата. Границата на нозете е целото стапало, заедно со глуждот, кој го поврзува стапалото со потколеницата.

Преглед на преводи

61 Јазик
EN English الإنجليزية
UR اردو الأوردية
ES Español الإسبانية
ID Indonesia الإندونيسية
UG ئۇيغۇرچە الأيغورية
BN বাংলা البنغالية
FR Français الفرنسية
TR Türkçe التركية
RU Русский الروسية
BS Bosanski البوسنية
SI සිංහල السنهالية
HI हिन्दी الهندية
ZH 中文 الصينية
FA فارسی الفارسية
VI Tiếng Việt الفيتنامية
TL Tagalog تجالوج
KU Kurdî الكردية
HA Hausa الهوسا
PT Português البرتغالية
ML മലയാളം المليالم
TE తెలుగు التلغو
SW Kiswahili السواحيلية
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
DE Deutsch الألمانية
JA 日本語 اليابانية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
KY Кыргызча القيرقيزية
NE नेपाली النيبالية
YO Yorùbá اليوروبا
LT Lietuvių الليتوانية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
SO Soomaali الصومالية
TG тоҷикӣ الطاجيكية
RW Kinyarwanda الكينياروندا
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
CS Čeština التشيكية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
IT Italiano الإيطالية
OM Oromoo الأورومو
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
AZ Azərbaycan الأذربيجانية
UZ O‘zbek الأوزبكية
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
BM Bambara البامبارية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية
KMR Kurmancî الكرمنجية