عن أبي مسعود رضي الله عنه قال: قال النبي صلى الله عليه وسلم:
«مَنْ قَرَأَ بِالْآيَتَيْنِ مِنْ آخِرِ سُورَةِ الْبَقَرَةِ فِي لَيْلَةٍ كَفَتَاهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 5009]
المزيــد ...

Од Ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 5009]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè информира дека оној што ќе ги прочита последните два ајета од сурата Ел Бекаре ноќе, Аллах, Возвишениот, ќе го заштити од секакво зло. Кажано е: Овие два ајета ќе можат да го заменат ноќниот намаз, или другиот зикр, или ќе ја исполнат минималната мерка потребна за читање Куран во текот на ноќта. А има и други мислења. Можно е сите овие ставови да се точни бидејќи изразот во хадисот е воопштен.

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на последните ајети на сурата Бекаре, кои почнуваат со зборовите на Возвишениот: „Пратеникот верува...“ па сè до крајот на сурата.
  2. Тој што ги чита последните ајети на сурата Бекаре навечер, тие ќе го чуваат од секоја лошотија, од злото и шејтанот.
  3. Ноќта почнува со заоѓањето на Сонцето, а завршува во мугрите.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (62)