عن أبي بكرة رضي الله عنه قال: قال النبي صلى الله عليه وسلم:
«أَلَا أُنَبِّئُكُمْ بِأَكْبَرِ الْكَبَائِرِ؟» ثَلَاثًا، قَالُوا: بَلَى يَا رَسُولَ اللهِ، قَالَ: «الْإِشْرَاكُ بِاللهِ، وَعُقُوقُ الْوَالِدَيْنِ» وَجَلَسَ وَكَانَ مُتَّكِئًا، فَقَالَ: «أَلَا وَقَوْلُ الزُّورِ»، قَالَ: فَمَا زَالَ يُكَرِّرُهَا حَتَّى قُلْنَا: لَيْتَهُ سَكَتَ.
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 2654]
المزيــد ...
Од Ебу Бекрех, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал:
,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?‘ – го повтори ова трипати. Тие (асхабите) рекоа: ,Секако, о Аллахов Пратенику.‘ Рече: ,Да сметаме некого рамен на Аллах (ширк) и непочитувањето на родителите.‘ Потоа седна, а пред тоа беше потпрен, и додаде: ,И лажниот говор.‘ Продолжи да го повторува ова толку многу пати што рековме: Би сакале да престане.‘“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 2654]
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги известил неговите асхаби за најголемите гревови и ги спомнал овие три:
1. ,Придружувањето на рамен на Аллах (ширк)‘: Ова подразбира насочување на кој било вид ибадет кон некого друг освен Аллах, и изедначувањето на некого со Аллах во Неговиот Улухијјет (божественост), Рубубијјет (господарство), и во Неговите имиња и својства.
2. ,Непочитување на родителите‘: Тука се подразбира секоја форма на нанесување штета на родителите, било преку зборови или дела, како и преку запоставување на добрината и грижата за нив.
3. ,Лажен говор‘: Од овој вид е и лажното сведоштво; Тоа е секој изопачен и невистинит збор што има за цел да му нанесе штета на оној кој е цел на таквото дејство – било преку одземање на неговиот имот, повредување на неговата чест или нешто слично.
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, повеќепати предупредувал за опасностите од лажниот говор, истакнувајќи ја нивната одвратност и штетните последици врз општеството. Толку го повторувал ова, што асхабите рекле: „Посакуваме да престане.“; чувствувајќи жал за него и не сакајќи тој да се вознемирува.