عَنِ ابْنِ عُمَرَ رَضيَ اللهُ عنهما قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«إِذَا جَمَعَ اللهُ الْأَوَّلِينَ وَالْآخِرِينَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ يُرْفَعُ لِكُلِّ غَادِرٍ لِوَاءٌ، فَقِيلَ: هَذِهِ غَدْرَةُ فُلَانِ بْنِ فُلَانٍ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1735]
المزيــد ...

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот на тој и тој.’“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1735]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известува дека на Судниот ден, кога Аллах ќе ги собере сите луѓе – од првиот до последниот – за пресметка, секој што изневерил обврска или прекршил завет, било кон Аллах, или кон луѓето, ќе биде јавно разобличен. Над секој измамник ќе биде подигнато знаме – знак на неговата измама – и тој јавно ќе биде прозван пред сите присутни на махшерот: „Ова е предавството на тој и тој, синот на тој и тој!“ Тоа ќе биде понижувачка, јавна ознака на неговото предавство и лошо дело – сведоштво што никој нема да може да го скрие или сокрие.

من فوائد الحديث

  1. Предавството е строго забрането и спаѓа меѓу големите гревови, бидејќи за него е најавена жестока казна.
  2. Во оваа закана спаѓа секој што ќе ја изневери довербата што му е дадена – било да му е доверен нечиј живот (крв), чест, тајна или имот – па ја предаде и не постапи чесно.
  3. Имамот Куртуби вели: „Ова се однесува на Арапите, кај кои постоел обичај да се подигнува знаме – бело за верност, а црно за предавство – со цел да се посрами и разобличи предавникот. Хадисот укажува дека слично ќе се случи и на Судниот ден – предавникот ќе биде јавно обележан и посрамен пред собраниот свет.“
  4. Ибн Хаџер вели: „Хадисот исто така укажува дека на Судниот ден луѓето ќе бидат повикувани по имињата на своите татковци, бидејќи се вели: ,Ова е предавството на тој и тој, синот на тој и тој.’“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (37)