عن عقبة بن عامر رضي الله عنه قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«أَحَقُّ الشُّرُوطِ أَنْ تُوفُوا بِهِ مَا اسْتَحْلَلْتُمْ بِهِ الْفُرُوجَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 2721]
المزيــد ...

Пренесено е дека Укбе бин Амир, радијаллаху анху, рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем рекол:
„Најважен услов кој мора до го исполните е оној со кој ви се дозволени интимните делови (односи).“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 2721]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека најважните услови кои мора да ги почитуваме се оние заради кои ти е дозволен интимен однос со сопругата. Тоа се дозволените услови кои жената ги поставува при склучувањето на брачен договор.

من فوائد الحديث

  1. Обврска е да се исполнат условите кои ги поставиле брачните парови меѓусебно, освен ако не се работи за некој услов кој забранува дозволеното или го дозволува забранетото.
  2. Условите поставени при брачниот договор се поважни од останатите, затоа што тие се причината да се дозволат интимните односи.
  3. Бракот има важно место и позиција во исламот, со оглед на тоа дека е потврдена обврска која подразбира исполнување на условите.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (63)