عَنِ النُّعْمَانِ بْنِ بَشِيرٍ رَضيَ اللهُ عنهُما:
أَنَّ أُمَّهُ بِنْتَ رَوَاحَةَ سَأَلَتْ أَبَاهُ بَعْضَ الْمَوْهِبَةِ مِنْ مَالِهِ لِابْنِهَا، فَالْتَوَى بِهَا سَنَةً ثُمَّ بَدَا لَهُ، فَقَالَتْ: لَا أَرْضَى حَتَّى تُشْهِدَ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَلَى مَا وَهَبْتَ لِابْنِي، فَأَخَذَ أَبِي بِيَدِي وَأَنَا يَوْمَئِذٍ غُلَامٌ، فَأَتَى رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَقَالَ: يَا رَسُولَ اللهِ، إِنَّ أُمَّ هَذَا بِنْتَ رَوَاحَةَ أَعْجَبَهَا أَنْ أُشْهِدَكَ عَلَى الَّذِي وَهَبْتُ لِابْنِهَا، فَقَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «يَا بَشِيرُ، أَلَكَ وَلَدٌ سِوَى هَذَا؟» قَالَ: نَعَمْ، فَقَالَ: «أَكُلَّهُمْ وَهَبْتَ لَهُ مِثْلَ هَذَا؟» قَالَ: لَا، قَالَ: «فَلَا تُشْهِدْنِي إِذن، فَإِنِّي لَا أَشْهَدُ عَلَى جَوْرٍ»، ولِمُسْلِمٍ: «فَأَشْهِدْ عَلَى هَذَا غَيْرِي».

[صحيح] - [متفق عليه، وله ألفاظ عديدة] - [صحيح مسلم: 1623]
المزيــد ...

Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува:
Мајка ми – ќерката на Реваха – побара од татко ми да му подари нешто од својот имот на нејзиниот син. Тој одложуваше една година, а потоа се согласи. Таа рече: „Не сум задоволна додека тоа не го посведочиш пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ Татко ми ме зеде за рака – тогаш бев младо момче – и отидовме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Му рече: „О Аллахов пратенику, ќерката на Реваха сака да бидеш сведок на дар што ѝ го дадов на нејзиниот син.“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „О, Бешир, имаш ли и други деца освен него?“ Тој одговори: „Да.“ Тој рече: „Дали на сите им подари исто како на него?“ Тој рече: „Не.“ Тогаш Аллаховиот пратеник рече: „Тогаш немој мене да ме земаш за сведок – јас не сведочам за неправда.“ А во верзијата кај Муслим се вели: „Тогаш земи некој друг за сведок.“

[صحيح] - [متفق عليه وله ألفاظ عديدة] - [صحيح مسلم - 1623]

Објаснување

Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува дека неговата мајка, Амра бинт Реваха, Аллах нека е задоволен со неа, побарала од татко му да му подари нешто од својот имот на нивниот син. Тој го одложувал тоа цела година, а потоа решил да ѝ удоволи и да му подари нешто на неговиот син Нуман. Тогаш таа рекла: „Не сум задоволна додека тоа не го посведочиш пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ Татко ми ме зеде за рака – а тогаш бев младо момче – и отидовме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Му рече: „О Аллахов пратенику, ќерката на Реваха сака да бидеш сведок на подарок што сакам да му го дадам на нејзиниот син.“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „О, Бешир, имаш ли и други деца освен него?“ Тој одговорил: „Да.“ Пратеникот праша: „Дали на сите им подари исто како на него?“ Тој рече: „Не.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Во тој случај, не ме земај за сведок – јас не сведочам за неправда.“ А во верзијата кај Муслим стои дека со укор му рекол: „Тогаш земи некој друг за сведок на таа неправда.“

من فوائد الحديث

  1. Праведноста меѓу синовите и ќерките при дарѕвање е задолжителна, додека кога станува збор за издршката – таа се одредува според потребите на секое дете поединечно, во согласност со неговата состојба.
  2. Давањето предимство на едно дете пред другите при подарок претставува неправда и е забрането; за таков чин не е дозволено да се сведочи – ниту да се преземе, ни да се пренесе (сведочењето).
  3. Ен-Невеви рекол: „Треба да се постапува еднакво кон сите деца при дарување – секое дете да добие исто, без разлика дали е машко или женско. Некои од нашите учени сметаат дека машкото треба да добие колку две женски, но правилното и преовладувачко мислење е дека треба да се изедначат, работејќи според јасното значење на хадисот.“
  4. Секој пропис што е спротивен на шеријатот се смета за неважечки и не се спроведува.
  5. Судијата или муфтијата треба да постави дополнителни прашања кога ситуацијата бара појаснување – како што укажува прашањето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Дали на сите им подари исто како и нему?“
  6. Ен-Невеви вели: „Овој хадис е доказ дека таткото има право да се предомисли и да го поврати подарокот што му го дал на своето дете.“
  7. Наредба да се постапува на начин што води до љубов и слога меѓу браќата и сестрите, и предупредување од сè што може да предизвика омраза меѓу нив или да доведе до непочитување кон родителите.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (40)