عن أبي موسى الأشعري رضي الله عنه عن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«مَنْ حَمَلَ عَلَيْنَا السِّلَاحَ فَلَيْسَ مِنَّا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 7071]
المزيــد ...

Од Ебу Муса ел-Ешари, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе го крене оружјето против нас – тој не е од нас.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 7071]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредува на забраната од кревање оружје против муслиманите, било со цел да се заплашат, било за да им се одземе имотот. Кој и да го стори тоа без право, направил голем грев – еден од големите престапи (гревови) – и ја заслужил оваа остра закана и опомена од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.

من فوائد الحديث

  1. Силно предупредување против муслиманот што се бори против своите браќа муслимани.
  2. Едно од најголемите порочни дела и голем неред на земјата е кревањето оружје против муслиманите и ширењето неред преку убиства.
  3. Заканата спомната во хадисот не се однесува на борбата која е со право, како што е:
  4. – борба против побунети групи,
  5. – борба против расипници на земјата, кои шират неред и други случаи (каде што шеријатот дозволува употреба на сила).
  6. Забрането е заплашувањето на муслиманите со оружје или нешто друго – дури и ако е во шега.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (58)
Повеќе...