عن أبي سعيد الخدري رضي الله عنه أن رسول الله صلى الله عليه وسلم قال:
«لَا ضَرَرَ وَلَا ضِرَارَ، مَنْ ضَارَّ ضَرَّهُ اللَّهُ، وَمَنْ شَاقَّ شَقَّ اللَّهُ عَلَيْهِ».
[صحيح بشواهده] - [رواه الدارقطني] - [سنن الدارقطني: 3079]
المزيــد ...
Од Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не се прави штета, ниту се возвраќа со правење штета, а кој ќе направи некаква штета, Аллах ќе му наштети, а кој на другите им отежнува, Аллах нему ќе му отежне."
[صحيح بشواهده] - [رواه الدارقطني] - [سنن الدارقطني - 3079]
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснува дека е обврска да се отстрани каков било вид на штета, како од нас самите така и од другите. Не е дозволено никому да си направи штета, било себеси или на некој друг.
И не е дозволено на направената штета да возврати со друга штета, бидејќи веќе направената штета нема да биде отстранета со другата штета, освен кога се извршува казна на одмаздување, без да се пречекори границата.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, потоа ја појаснил казната која му следува на тој што ќе им направи штета на другите, и дека ќе има потешкотии тој што им отежнува на другите.