عَنِ ابنِ مَسعُودٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لَا يَحِلُّ دَمُ امْرِئٍ مُسْلِمٍ إِلَّا بِإِحْدَى ثَلَاثٍ: الثَّيِّبُ الزَّانِي، وَالنَّفْسُ بِالنَّفْسِ، وَالتَّارِكُ لِدِينِهِ المُفَارِقُ لِلْجَمَاعَةِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1676]
المزيــد ...

Ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е дозволено да се пролее крвта на муслиманот, освен во три случаи: – оженет кој извршил блуд, – човек кој убил друг човек, – и оној што ја напуштил својата вера и се издвоил од заедницата.“
„Не е дозволена крвта на муслиманот, освен во три случаи: оженет кој извршил блуд, човек кој убил друг човек, и оној што ја напуштил својата вера и се издвоил од заедницата.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1676]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека крвта на муслиманот е забранета, освен ако не изврши едно од трите дела: 1. Оженет кој направил блуд – во тој случај дозволено е неговото погубување со каменување. 2. Оној што бесправно убил невин човек – тогаш се погубува, но под одредени услови пропишани во шеријатот. 3. Оној што се одделил од заедницата на муслиманите – било со тоа што целосно ја напуштил верата - отпадништво, или со издвојување без отпадништво, преку напаѓање на муслиманите, пресретнување на патници, создавање неред или вооружено востание, како што правеле харииџиите и другите слични групи.

من فوائد الحديث

  1. Забрането е извршувањето на овие три дела, а оној што ќе направи едно од нив заслужува смртна казна: поради неверство, како во случајот на оној што ќе излезе од исламот; поради казна (хад), како во случајот со оженетиот што извршил блуд и оној што намерно убил човек.
  2. Обврска за чување на честа и нејзината чистота.
  3. Обврска на почитта кон муслиманот, бидејќи неговата крв е заштитена.
  4. Овој хадис поттикнува на придржување кон заедницата на муслиманите и на неодвојување од неа.
  5. Начинот на подучување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е поучен, бидејќи неговите зборови често се со јасна поделба, со што темите се ограничуваат и полесно се помнат.
  6. Аллах ги пропишал казните за да ги одврати сторителите на злодела и за да го заштити општеството од криминалот и расипништвото.
  7. Спроведувањето на овие казни е право и должност само на владетелот.
  8. Причините за погубување можат да бидат повеќе од три, но сите се вклучени во овие категории. Ибн ел-Араби ел-Малики рекол: „Ниту една причина не излегува надвор од овие три категории. На пример, оној што прави сихр или го навредува Божјиот пратеник, станува неверник – па во тој случај спаѓа во категоријата на оној што ја напуштил својата вера.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (48)