عَن أَبِي أُمَامَةَ رضي الله عنه قَالَ: سَمِعْتَ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَخْطُبُ فِي حَجَّةِ الوَدَاعِ فَقَالَ:
«اتَّقُوا اللَّهَ رَبَّكُمْ، وَصَلُّوا خَمْسَكُمْ، وَصُومُوا شَهْرَكُمْ، وَأَدُّوا زَكَاةَ أَمْوَالِكُمْ، وَأَطِيعُوا ذَا أَمْرِكُمْ تَدْخُلُوا جَنَّةَ رَبِّكُمْ».

[صحيح] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي: 616]
المزيــد ...

Од Ебу Умамете, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на прошталниот аџилак како вели:
„Плашете се од Аллах, вашиот Господар! Клањајте ги петте намази, постете го вашиот месец, давајте зекат од имотот и слушајте ги вашите претпоставени, ќе влезете во Џенетот на вашиот Господар.“

[صحيح] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي - 616]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, одржа хутба на денот на Арафат за време на прошталниот аџилак, во десеттата година според хиџра. А така е наречен, затоа што Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, за време на истиот се прости од луѓето. Тој им нареди на сите луѓе да се плашат од Господарот, извршувајќи го она што им е наредено и држејќи се подалеку од она што им е забрането. Им нареди и да ги клањаат петте намази кои Возвишениот Аллах им ги заповедал во текот на денот и ноќта. И да го постат месецот рамазан. И да го дадат зекатот на имот, на оној кој го заслужува, и да не бидат скржави. Да им се потчинат на оние кои Аллах ги одредил за владетели, освен ако е грев кон Аллах. Кој ќе ги направи овие спомнати работи, неговата награда ќе биде влез во Џенетот.

من فوائد الحديث

  1. Овие дела се причина за влез во Џенетот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)