عَن أَبِي سَعِيدٍ الْخُدْرِيِّ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لَا يَنْظُرُ الرَّجُلُ إِلَى عَوْرَةِ الرَّجُلِ، وَلَا الْمَرْأَةُ إِلَى عَوْرَةِ الْمَرْأَةِ، وَلَا يُفْضِي الرَّجُلُ إِلَى الرَّجُلِ فِي ثَوْبٍ وَاحِدٍ، وَلَا تُفْضِي الْمَرْأَةُ إِلَى الْمَرْأَةِ فِي الثَّوْبِ الْوَاحِدِ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 338]
المزيــد ...
Од Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Мажот да не гледа во интимниот дел од телото на друг маж, а жената да не гледа во интимниот дел од телото на друга жена. Покрај тоа, мажот нема да лежи со друг маж под иста покривка и жена нема да лежи со друга под истата покривка.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 338]
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, во овој хадис му забранува на човекот да гледа во интимниот дел на друг маж, а на жената да гледа во интимниот дел на друга жена.
Срамен дел е секој дел од телото што човекот се срами да го покаже пред другите. Кај мажите тоа е делот помеѓу папокот и колената. Што се однесува до жените, целото нејзино тело е срамно место за мажите кои не ѝ се блиски. А ако се работи за други жени и мажи кои се нејзини махреми (блиски роднини), жената смее да покаже онолку колку што вообичаено покажува додека престојува во куќата.
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил двајца мажи да лежат под иста покривка, а истото важи и за жените. Ова е забрането, бидејќи може да доведе до меѓусебно допирање на интимните делови. Забрането е допирање на туѓиот интимен дел, како и гледањето во него, а допирањето е уште полошо бидејќи може да предизвика поголема штета.