عَنْ أَنَسِ بْنِ مَالِكٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«يَقُولُ اللَّهُ تَعَالَى لِأَهْوَنِ أَهْلِ النَّارِ عَذَابًا يَوْمَ القِيَامَةِ: لَوْ أَنَّ لَكَ مَا فِي الأَرْضِ مِنْ شَيْءٍ أَكُنْتَ تَفْتَدِي بِهِ؟ فَيَقُولُ: نَعَمْ، فَيَقُولُ: أَرَدْتُ مِنْكَ أَهْوَنَ مِنْ هَذَا، وَأَنْتَ فِي صُلْبِ آدَمَ: أَلّاَ تُشْرِكَ بِي شَيْئًا، فَأَبَيْتَ إِلَّا أَنْ تُشْرِكَ بِي».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 6557]
المزيــد ...

Од Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Возвишениот Аллах, на Судниот ден ќе му каже на оној со најлесна казна од жителите на Огнот: ,Доколку би го поседувал сето она што е на Земјата, дали би го дал за да се откупиш од оваа казна?‘ Тој ќе одговори: ,Да.‘ Тогаш Аллах ќе му рече: ,Барав од тебе нешто многу полесно додека беше во рбетот на Адем: да не Ми припишуваш никакви здруженици. Но, ти одби и Ми припишуваше здруженици.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 6557]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известил дека Возвишениот Аллах ќе му рече на оној со најлесна казна во Огнот, откако ќе влезе во него: „Доколку би го поседувал целиот свет и сè што е на него, дали би го дал во замена да се откупиш од оваа казна?“ Тој ќе одговори: „Да.“ Аллах тогаш ќе му рече: „Ти побарав и ти наредив нешто многу полесно од тоа кога го зедов заветот од тебе додека беше во рбетот на Адем: да не Ми припишуваш никакви здруженици. Но, ти одби, и откако те создадов и те испратив на Земјата, Ми припишуваше здруженици.“

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на тевхидот и леснотијата на неговото практикување.
  2. Опасноста од ширкот и неговите последици.
  3. Аллах го зел заветот од потомците на Адем додека беа во неговиот рбет, дека нема да Му припишуваат здруженици.
  4. Предупредување од ширкот, бидејќи дури и кога неверникот би го поседувал целиот свет, тоа нема да му помогне на Судниот ден да се откупи од вечната казна.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (50)
Повеќе...