عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَا مِنْ قَوْمٍ يَقُومُونَ مِنْ مَجْلِسٍ لَا يَذْكُرُونَ اللَّهَ فِيهِ إِلَّا قَامُوا عَنْ مِثْلِ جِيفَةِ حِمَارٍ، وَكَانَ لَهُمْ حَسْرَةً».

[صحيح] - [رواه أبو داود] - [سنن أبي داود: 4855]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“

[صحيح] - [رواه أبو داود] - [سنن أبي داود - 4855]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека луѓето кои ќе седнат на некоја седенка, а потоа ќе станат од неа без да го спомнат Аллах, се како оние што се собрале околу леш од магаре, во смрдеа и нечистотија. Тоа е бидејќи се зафатиле со бескорисни разговори што ги одвратиле од спомнувањето на Аллах, па таквата седенка ќе им биде причина за тага, жалење и загуба на Судниот ден.

من فوائد الحديث

  1. Она што е спомнато како предупредување за занемарувањето на спомнувањето на Аллах не се однесува само на седенките, туку важи општо за сите ситуации. Имамот ен-Невеви рекол: „Се смета за непожелно некој да седне на одредено место, а потоа да го напушти без да го спомне Аллах во него.“
  2. Каењето што ќе ги снајде на Судниот ден ќе биде или поради пропуштената награда и благодатите, бидејќи времето не го искористиле во покорност кон Аллах, или поради гревот и казната, затоа што времето го потрошиле во непослушност кон Него.
  3. Ако ова предупредување важи за занемарувањето на спомнувањето на Аллах дури и на дозволените собири, тогаш каква ли е состојбата кога станува збор за забранетите собири на кои има озборување, клеветење и други гревови?!
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (46)