عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لَا تَدْخُلُونَ الْجَنَّةَ حَتَّى تُؤْمِنُوا، وَلَا تُؤْمِنُوا حَتَّى تَحَابُّوا، أَوَلَا أَدُلُّكُمْ عَلَى شَيْءٍ إِذَا فَعَلْتُمُوهُ تَحَابَبْتُمْ؟ أَفْشُوا السَّلَامَ بَيْنَكُمْ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 54]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, а нема да поверувате додека не се засакате меѓусебно. Па зарем не сакате да ве известам за нешто кое, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 54]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека само верниците муслимани ќе влезат во рајот. А верувањето нема да биде целосно и состојбата во општеството нема да се подобри сè додека не се засакаат меѓусебно. Потоа, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè упатува на дело со кое љубовта се продлабочува, а тоа е честото поздравување со „селам алејкум“ меѓу муслиманите, кое Аллах го пропиша како поздрав на Своите робови.

من فوائد الحديث

  1. Влез во Џенетот не е можен без иманот-верувањето.
  2. Потполн иман е кога муслиманот му посакува на братот муслиман она што го сака и за себе.
  3. Пофално е да го шириме „селамот“ и да ги поздравуваме муслиманите со него, бидејќи со него шириме љубов и сигурност помеѓу луѓето.
  4. Поздравувањето со селам е само за муслиманите, бидејќи Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: „Помеѓу вас.“
  5. Поздравување со селам го брише непријателството, прекинувањето на врските и одбегнувањето на луѓето.
  6. Важноста на љубовта помеѓу муслиманите, таа го потполнува иманот-верувањето.
  7. Во друг хадис е пренесен целосен израз на поздравувањето со селам: „Ес-селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху“, а доволно е и: „Ес-селаму алејкум.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (55)