Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе израсне две девојчиња сè додека не станат полнолетни, на Судниот ден ќе биде со мене вака – и ги спои своите прсти.“ [صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2631]
Објаснување
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној кому му се дадени две ќерки или две сестри, па се грижи за нив, ги издржува, ги воспитува, ги насочува кон доброто и ги одвраќа од злото сè додека не пораснат и не станат полнолетни, на Судниот ден ќе биде близок со него како овие два – потоа ги споил показалецот и средниот прст.
من فوائد الحديث
Голема награда го чека оној што ќе се грижи за издршката, воспитувањето и насочувањето на своите ќерки сè додека не се омажат или не станат полнолетни, истото важи и за сестрите.
Наградата за грижата кон ќерките е поголема отколку за синовите, бидејќи вакво ветување не е спомнато во нивна корист. Ова е затоа што обврските и одговорностите поврзани со ќерките се поголеми, бидејќи тие се чувствителни и не можат да се справуваат со своите потреби и обврски како синовите.
Покрај тоа, таткото не очекува од нив да му бидат потпора против непријателите, ниту да го продолжат неговото име и потекло, како што е случајот со синовите. Затоа, оној што се грижи за нив мора да има големо трпение и искреност, со добра намера, па токму затоа неговата награда е голема – така што на Судниот ден ќе биде близок со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Знаците на достигнување шеријатска полнолетност кај жената биваат или преку навршување на петнаесет години, или со добивање на менструален циклус, дури и пред да наполни петнаесет години, или со појава на срамни влакна – груби влакна околу интимната област, или со полова зрелост која се манифестира преку мокри соништа, односно ејакулација во сон.
Куртуби рекол: „Под достигнување на полнолетност се подразбира состојбата во која девојката станува способна самостојно да се грижи за себе. Кај жените тоа се постигнува кога ќе стапат во брак и сопругот ќе ја преземе грижата за неа. Не се мисли само на тоа дека добила менструален циклус и станала шеријатски одговорна, бидејќи може да се омажи и пред тој момент и да стане независна преку грижата на сопругот. Исто така, може да добие менструација, но сè уште да не биде способна да се грижи за своите потреби. Ако во таква состојба би била оставена без надзор, нејзината состојба би се нарушила.
Затоа, во овој период ѝ е уште попотребна заштита и грижа, за да биде воспитана и заштитена на правилен начин, што ќе ја зголеми можноста за нејзино пожелно мажење.
Токму поради ова, нашите учени рекле дека обврската за издршка на таткото не престанува со самото достигнување на полнолетност, туку дури кога сопругот ќе ја преземе грижата за неа со бракот.“