عن أبي هريرة رضي الله عنه قال:
كان رسولُ الله صلى الله عليه وسلم إذا عَطَس وضَعَ يَدَه -أو ثوبَهُ- على فيهِ، وخَفَضَ -أو غضَّ- بها صوتَهُ.

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي وأحمد] - [سنن أبي داود: 5029]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето."

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي وأحمد] - [سنن أبي داود - 5029]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел:
1. Ја ставал раката или дел од облеката врз устата за да спречи нешто од устата или носот да излезе и на тој начин да не го вознемири оној што е со него.
2. Го намалувал гласот на кивањето и не го покачувал.

من فوائد الحديث

  1. Опис на практиката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, при кивање за да го следиме неговиот пример во тоа.
  2. Препорачливо е при кивањето да се покријат устата и носот со облека, марамче или нешто слично, за да се спречи излегувањето на нешто што би можело да го вознемири присутниот.
  3. Намалувањето на гласот при кивањето е пожелно, бидејќи тоа е знак на добро воспитување и благороден карактер.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (52)
Повеќе...