عَنْ صُهَيْبٍ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«عَجَبًا لِأَمْرِ الْمُؤْمِنِ، إِنَّ أَمْرَهُ كُلَّهُ خَيْرٌ، وَلَيْسَ ذَاكَ لِأَحَدٍ إِلَّا لِلْمُؤْمِنِ، إِنْ أَصَابَتْهُ سَرَّاءُ شَكَرَ، فَكَانَ خَيْرًا لَهُ، وَإِنْ أَصَابَتْهُ ضَرَّاءُ صَبَرَ، فَكَانَ خَيْرًا لَهُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2999]
المزيــد ...

Сухејб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба. Ако го снајде некаква радост, тој е благодарен и тоа е добро за него, а ако го снајде некаква тешкотија, тој е трпелив и тоа повторно е добро за него.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2999]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се чуди на состојбата на верникот и на она што го снаоѓа, со позитивно чудење, бидејќи сите негови состојби му носат добро, а тоа е својствено само за верникот. Кога ќе го снајде радост, тој му се заблагодарува на Аллах, и за тоа добива награда. Кога ќе се соочи тешкотија, тој е трпелив и ја очекува наградата од Аллах, па е награден за своето трпение. Така, во секоја состојба верникот е награден.

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на благодарноста за благодатите и трпението во тешкотиите е неизмерна. Кој ќе ги примени овие две доблести, ќе добие добро и на овој и на идниот свет. Но, оној кој нема да биде благодарен за благодатите и нема да биде трпелив во тешкотиите, ќе ја пропушти наградата и ќе се изложи на грев.
  2. Вредноста на иманот, бидејќи наградата во секоја состојба ја добиваат само оние со вистински иман.
  3. Благодарноста во моментите на радост и трпеливоста во моменти на тешкотии се меѓу најистакнатите карактеристики на вистинските верници.
  4. Верувањето во Аллаховата одредба му овозможува на верникот да биде задоволен и смирен во сите состојби. Наспроти тоа, оној што не верува е постојано незадоволен кога ќе го снајде тешкотија. А ако добие благодат од Аллах, наместо да Му биде покорен, тој се преокупира со неа, па дури и ја користи во грев.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (53)