عن أبي هريرة رضي الله عنه قال: سمعت النبي صلى الله عليه وسلم يقول:
«مَنْ حَجَّ لِلهِ فَلَمْ يَرْفُثْ وَلَمْ يَفْسُقْ رَجَعَ كَيَوْمِ وَلَدَتْهُ أُمُّهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1521]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Кој ќе го изврши аџилакот заради Аллах, без да говори непристојни зборови и без да направи грев, ќе се врати како на денот кога го родила мајка му.’“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1521]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека оној кој ќе го изврши аџилакот искрено заради Аллах и нема да направи непристојни дела, а непристојните дела го вклучуваат интимниот однос и неговите предигри како што се бакнувањето и допирањето, а исто така се однесува и на непристојните зборови, и нема да направи гревови, како што е правењето на забранетите дела поврзани со ихрамот, ќе се врати од аџилакот со простени гревови, како што новороденчето се раѓа без гревови.

من فوائد الحديث

  1. Иако грешењето е забрането во секое време, забраната за него е особено нагласена за време на аџилакот, поради почитта кон обредите на аџилакот.
  2. Човекот се раѓа без гревови, чист од гревови, и не носи ниту наследува гревови од другите.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (67)