عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المُؤْمِنِينَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهَا أَنَّهَا قَالَتْ:
يَا رَسُولَ اللَّهِ، نَرَى الجِهَادَ أَفْضَلَ العَمَلِ، أَفَلاَ نُجَاهِدُ؟ قَالَ: «لَا، لَكُنَّ أَفْضَلُ الجِهَادِ: حَجٌّ مَبْرُورٌ».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 1520]
المزيــد ...

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува, дека кажала:
„,О, Божји пратенику, ние го сметаме џихадот за најдобро дело. Зарем да не учествуваме во него?‘ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Не, но најдобриот џихад е исправно извршениот хаџ.‘“

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 1520]

Објаснување

Асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, го сметале џихадот на Аллаховиот пат и борбата против непријателите за едно од највредните дела. Поради тоа, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, го прашала Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Дали и ние (жените) треба да учествуваме во џихадот?“
Тогаш, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им укажал на жените за најдобриот џихад за нив, а тоа е исправно извршениот хаџ, кој е во согласност со Куранот и Сунетот, чист од гревови и преправање.

من فوائد الحديث

  1. Џихадот е едно од најдобрите дела за мажите.
  2. За жените, хаџот е подобар од џихадот и претставува едно од највредните дела за нив.
  3. Вредноста на делата се разликува во зависност од оној што ги извршува.
  4. Хаџот е наречен џихад затоа што претставува борба со самиот себе, вклучувајќи трошење на имотот, вложување физички напор и е истовремено телесна и финансиска обврска, слично на џихадот на Аллаховиот пат.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)