Хадис: ,,Шејтанот навистина ја изгубил надежта дека ќе биде обожуван од оние што клањаат на Арапскиот Полуостров, но ќе се труди да посее раздор меѓу нив
Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,,Шејтанот навистина ја изгубил надежта дека ќе биде обожуван од оние што клањаат на Арапскиот Полуостров, но ќе се труди да посее раздор меѓу нив." [صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2812]
Објаснување
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Иблис ја изгубил надежта дека верниците што клањаат ќе му се вратат на обожувањето и ќе се поклонуваат пред идолите на Арапскиот Полуостров. Сепак, тој сè уште се надева и не престанува да настојува да посее раздор меѓу нив преку расправии, омраза, војни, искушенија и слично.
من فوائد الحديث
Обожувањето на шејтанот е исто како обожувањето на идолите, бидејќи тој е оној што ги наведува и повикува кон тоа. Доказ за ова се Аллаховите зборови, каде што ни ги пренесува зборовите на Ибрахим, алејхис селам: „О, татко мој, не го обожувај на шејтанот.“
Шејтанот постојано се труди да предизвика расправии, омраза, војни и нереди меѓу муслиманите.
Една од придобивките на намазот во исламот е тоа што ја зачувува љубовта меѓу муслиманите и ги зајакнува братските врски меѓу нив.
Намазот е најважниот верски обред по двата шехадета, поради тоа муслиманите се наречени како „оние што клањаат“.
Арапскиот Полуостров има карактеристики што не ги поседуваат останатите места.
Ако некој рече дека на некои места од Арапскиот Полуостров се случило обожувањето на идоли, а Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Шејтанот навистина ја изгубил надежта дека ќе биде обожуван од оние што клањаат…“, тогаш ова значи известување за она што се случило во самиот шејтан – дека ја изгубил надежта кога ги видел освојувањата и масовниот влез на луѓето во исламот. Со други зборови, хадисот зборува за неговото мислење и очекување, но подоцнежната реалност била поинаква, според мудроста што ја сакал Севишниот Аллах.