عَنْ هِشَامِ بْنِ حَكِيمِ بْنِ حِزَامٍ رَضيَ اللهُ عنهما أَنَّهُ مَرَّ عَلَى أُنَاسٍ مِنَ الْأَنْبَاطِ بِالشَّامِ، قَدْ أُقِيمُوا فِي الشَّمْسِ، فَقَالَ: مَا شَأْنُهُمْ؟ قَالُوا: حُبِسُوا فِي الْجِزْيَةِ، فَقَالَ هِشَامٌ: أَشْهَدُ لَسَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«إِنَّ اللهَ يُعَذِّبُ الَّذِينَ يُعَذِّبُونَ النَّاسَ فِي الدُّنْيَا».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2613]
المزيــد ...

Од Хишам бин Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, се пренесува дека поминал покрај неколку жители на Набатеја во Шам, кои биле оставени да стојат изложени на Сонце. Прашал: „Што им е?“ Му рекле: „Задржани се поради џизја.“ Тогаш Хишам рекол: „Сведочам дека го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Навистина, Аллах ќе ги измачува оние што ги измачуваат луѓето на овој свет.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2613]

Објаснување

Хишам бин Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, поминал покрај неколку странци земјоделци во Шам, кои биле оставени да стојат под силното Сонце. Прашал што е со нив? Му одговориле дека тоа им било направено затоа што не платиле џизја, иако биле во можност да платат. Тогаш Хишам, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Сведочам дека го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Навистина, Аллах ќе ги казни оние што неправедно ги казнуваат луѓето на овој свет.’“

من فوائد الحديث

  1. Џизја е паричен надомест (данок) што им се пропишува на полнолетните и имотни мажи од следбениците на Книгата, како надомест за нивната заштита и дозвола да престојуваат во земјата на исламот.
  2. Забрането е мачењето на луѓето – дури и на неверниците – без шеријатски основ.
  3. Предупредување до неправедниците за последиците од неправдата.
  4. Придржувањето на асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон наредување на доброто и спречување на злото.
  5. Имамот ен-Невеви рекол: „Ова се однесува на бесправното казнување; а во тоа не спаѓа казнувањето со право – како што се одмаздата (кисас), спроведувањето на шеријатските казни (хадови), дисциплинските казни (тазир) и слично.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (33)