عَن أَبي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«الْحَلِفُ مَنْفَقَةٌ لِلسِّلْعَةِ، مَمْحَقَةٌ لِلرِّبْحِ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1606]
المزيــد ...
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:
Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1606]
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил од заколнувањето и претераното користење на заклетви при купопродажба – дури и кога човекот е искрен – и известил дека иако тоа може да придонесе стоката побрзо да се продаде, сепак е причина за губење на бериќетот во заработката.
Аллах може да му испрати на таквиот човек несреќи преку кои ќе му се уништи имотот – било преку кражба, пожар, поплава, насилно отуѓување, грабеж, или други причини што водат до загуба на имотот.