+ -

عَنْ سَلْمَانَ الْفَارِسِيِّ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«ثَلَاثَةٌ لَا يُكَلِّمُهُمُ اللَّهُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ وَلَا يُزَكِّيهِمْ وَلَهُمْ عَذَابٌ أَلِيمٌ: أُشَيْمِطٌ زَانٍ، وَعَائِلٌ مُسْتَكْبِرٌ، وَرَجُلٌ جَعَلَ اللَّهَ لَهُ بِضَاعَةً، فَلَا يَبِيعُ إِلَّا بِيَمِينِهِ وَلَا يَشْتَرِي إِلَّا بِيَمِينِهِ».

[صحيح] - [رواه الطبراني] - [المعجم الصغير: 821]
المزيــد ...

Селман ел-Фариси, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„ Со тројца луѓе — Аллах нема да им зборува на Судниот ден, нема да ги очисти и за нив ќе има болна казна: – старецот што врши блуд, – сиромавиот што се вообразил, – и човекот кој Аллаховото име го користи како средство за трговија – па не продава ништо освен со заклетва, и не купува ништо освен со заклетва.“

[صحيح] -

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил за три категории луѓе кои ќе бидат изложени на Аллаховата казна на Судниот ден со три вида на казна, доколку не се покајат или не им биде простено: 1. Аллах нема да им зборува на Судниот ден од силен гнев и ќе се одврати од нив или ќе им се обрати на начин што ќе ја открие Неговите лутина и гнев. 2. Нема да ги очисти — нема да ги пофали ниту да ги исчисти од нивните гревови. 3. Ќе ги снајде болна и тешка казна на Ахиретот. Овие тројца се: Првиот: старец кој паѓа во тешкиот грев на блудот. Вториот: сиромав човек кој не поседува имот, а сепак се однесува вообразено и надмено кон другите. Третиот: оној што постојано се колне во Аллах при купопродажба, оној што го понижува Аллаховото име и го користи како средство за стекнување имот.

من فوائد الحديث

  1. Кади Ијад за причината на оваа строга казна рекол: „Секој од овие тројца упорно го вршел спомнатиот грев, иако бил најдалеку од него – не бил присилен и немал силна причина што би го поттикнала на такво дело. Иако никој не може да се оправда за сторен грев, овие луѓе немале ниту нужда ниту оправдана причина – па нивното впуштање во таквиот грев личи на инаетење, потценување на Аллаховото право и свесна непослушност.“
  2. Блудот, лагата и вообразеноста спаѓаат во групата на големи гревови.
  3. Вообразеност значи: отфрлање на вистината и потценување на луѓето.
  4. Предупредување од прекумерното користење на заклетви во купувањето и продавањето, и поттик за почитување на Аллаховата заклетва и Неговите имиња. Возвишениот Аллах вели: „И заклетвата во Аллах нека не ви биде препрека да правите добро.“ (Ел-Бекаре, 224)
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи