عَنِ الحُسَينِ بنِ عَلِيٍّ بنِ أَبِي طَالِبٍ رضي الله عنهما قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«الْبَخِيلُ مَنْ ذُكِرْتُ عِنْدَهُ فَلَمْ يُصَلِّ عَلَيَّ».

[صحيح] - [رواه الترمذي والنسائي في الكبرى وأحمد] - [السنن الكبرى للنسائي: 8046]
المزيــد ...

Од Хусејн бин Али бин Ебу Талиб, радијаллаху анхума, се пренесува, дека рекол: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал:
„Скржав е оној пред кого ќе бидам спомнат и нема да ме благословува (да изговори салават).“

[صحيح] - [رواه النسائي في الكبرى] - [السنن الكبرى للنسائي - 8046]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, предупредил за таквиот што ќе го слушне неговото име, прекар или слично, а нема да изговори салават-дова за благослов. Па рекол: Скржавиот во потполна смисла е оној во чие присуство ќе се спомнам па нема да изговори салават за мене. Ова се однесува заради следното:
Прво: Тоа е скржавост заради која нема ниту мала ниту голема загуба, не троши пари и не троши труд.
Второ: Тоа е скржавост кон себе бидејќи не ја добил наградата за салаватот кон својот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем; и бидејќи тоа не го направил, тој станал скржав и не му го дал неговото право, и не постапил по наредбата за која ќе добие награда.
Трето: Изговарањето на салават за Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е исполнување на некои од правата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Тој е оној кој нè поучил, тој е оној кој нè насочил, тој е оној што нè повикал кон Возвишениот Аллах и ни ја донел Објавата и овој шеријат. Тој е причината за нашето упатство – по Возвишениот Аллах – и кој не испраќа салават кон него, е скржав кон себе и кон својот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во нешто што е едно од неговите најосновни права.

من فوائد الحديث

  1. Неизговарањето на салават врз Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е вид на скржавост.
  2. Салаватот за Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е еден од најдобрите ибадети и побожни дела во секојдневието, а посебно кога ќе се спомне неговото име.
  3. Невеви рекол: Ако некој изговара салават за Пратеникот, треба да го спои салаватот и поздравот-селамот, а не да се ограничува на еден од нив. Нема да каже само: „Саллаллаху алејхи (Аллах да го благослови)“, ниту само: „Алејхи селам (Мир на него)“.
  4. Ебу Алије за ајетот: (Аллах и мелеците Негови го благословуваат Веровесникот.), рекол: Возвишениот Аллах го благословува Неговиот пратеник – е пофалба за него, а благословот на мелеците и луѓето – е дова.
  5. Халими рекол: Значењето на „О Аллаху, благослови го Мухамед“, е: О Аллаху, воздигни го на овој свет со неговиот спомен, со воздигнување на неговата вера и зачувување на неговиот закон. А на идниот свет: со неговото посредување за својот умет, со дарежлива награда, и со истакнување на неговата доблест и во првите и во последните поколенија, со највисоката положба, и со предност во однос на сите останати.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (49)