عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«يَعْقِدُ الشَّيْطَانُ عَلَى قَافِيَةِ رَأْسِ أَحَدِكُمْ إِذَا هُوَ نَامَ ثَلاَثَ عُقَدٍ يَضْرِبُ كُلَّ عُقْدَةٍ عَلَيْكَ لَيْلٌ طَوِيلٌ، فَارْقُدْ، فَإِنِ اسْتَيْقَظَ فَذَكَرَ اللَّهَ، انْحَلَّتْ عُقْدَةٌ، فَإِنْ تَوَضَّأَ انْحَلَّتْ عُقْدَةٌ، فَإِنْ صَلَّى انْحَلَّتْ عُقْدَةٌ، فَأَصْبَحَ نَشِيطًا طَيِّبَ النَّفْسِ، وَإِلَّا أَصْبَحَ خَبِيثَ النَّفْسِ كَسْلاَنَ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1142]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол:
„Кога спиете, шејтанот врзува три јазли на задниот дел од главата, врзувајќи го секој јазол кажува: ,Долга е ноќта, па спиј‘, ако се разбуди и Го спомне Аллах, ќе му се одврзе првиот јазол, а ако земе абдест, ќе му се одврзе вториот јазол, а ако клања, ќе му се одврзе третиот јазол и ќе биде активен, со позитивен дух, а ако не направи вака ќе стане нерасположен и мрзлив.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1142]
Пратеникот, алејхи селам, ни кажува за состојбата на шејтанот и неговата борба со човекот која сака да стане за ноќен или сабах намаз.
Кога верникот оди на спиење, шејтанот врз неговата глава врзува три јазли – т.е.: врз задниот дел од главата.
Ако верникот се разбуди и се сети на Возвишениот Аллах и не им се одѕвие на шепотењата на шејтанот, ќе се одврзе првиот јазол .
Кога ќе земе абдест, се одврзува вториот јазол.
Ако стане и клања, ќе се одврзе третиот јазол, ќе биде активен и позитивен. Радосен што Аллах му овозможил да направи богоугодно дело, задоволен од она што Аллах му го ветил како награда и простување, а исто така се ослободи од шејтановите јазли и неговите обесхрабрувања, во спротивно (ако не го направи ова) станува нерасположен, тажен во срцето и мрзлив да направи добри и богоугодни дела. Затоа што е врзан со оковите на шејтанот и оддалечен од Семилостивиот.