+ -

عَنْ أَبِي الدَّرْدَاءِ رضي الله عنه: سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«إِنَّ اللَّعَّانِينَ لَا يَكُونُونَ شُهَدَاءَ وَلَا شُفَعَاءَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2598]
المزيــد ...

Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Тие што многу проколнуваат, нема да бидат ниту сведоци ниту застапници на Судниот ден.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2598]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја појаснил сериозноста на навиката на проколнување, укажувајќи дека оној што многу проколнува без основа, ќе биде лишен од две големи почести на Судниот ден: 1. Нема да биде меѓу сведоците – нема да му се даде улога да сведочи дека пратениците ја пренеле пораката до своите народи; нема да му се прифати сведоштво ниту на овој свет поради неговата непослушност и грешење (фиск); ниту ќе ја добие честа на шехидот – да биде маченик на Аллаховиот пат. 2. Нема да му биде дозволено застапувањето – на Судниот ден, кога верниците ќе се заземаат за своите браќа што заслужиле да влезат во Огнот, таквиот човек нема да биде меѓу оние што ќе имаат дозвола за шефат – застапништво.

من فوائد الحديث

  1. Проколнувањето е забрането, а неговото често практикување спаѓа меѓу големите гревови.
  2. Казната спомната во хадисот се однесува на оној кој многу и постојано проколнува, а не на оној што тоа го направил еднаш или во ретки случаи. Во оваа забрана не влегува дозволеното (мубах) проколнување, односно она што е потврдено преку шеријатот – како што е проколнување на одредени осудени особини, без наведување конкретни личности. Примери за тоа се:
  3. „Аллах ги проколнат eвреите и христијаните“,
  4. „Аллаховото проклетство нека биде врз зулумќарите“,
  5. „Аллах нека ги проколне оние што прават слики (на живи суштества)“,
  6. „Аллах нака го проколне оној што го прави делото на народот на Лут - хомосексуализмот“,
  7. „Аллах нека го проколне оној што коле жртва за некој друг освен за Аллах“,
  8. „Аллах ги проколнал мажите што имитираат жени и жените што имитираат мажи“ – и слично.
  9. Хадисот исто така го потврдува и заземањето на верниците едни за други на Судниот ден.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили التاميلية التايلندية الأسامية الهولندية الغوجاراتية الرومانية المجرية الموري الجورجية
Преглед на преводи