عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«بَادِرُوا بِالْأَعْمَالِ فِتَنًا كَقِطَعِ اللَّيْلِ الْمُظْلِمِ، يُصْبِحُ الرَّجُلُ مُؤْمِنًا وَيُمْسِي كَافِرًا، أَوْ يُمْسِي مُؤْمِنًا وَيُصْبِحُ كَافِرًا، يَبِيعُ دِينَهُ بِعَرَضٍ مِنَ الدُّنْيَا».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 118]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Побрзајте со добрите дела пред да дојдат искушенија што ќе бидат како мрачните темнини на ноќта. Тогаш човекот ќе го дочека утрото како верник, а вечерта како неверник, или ќе ја дочека вечерта како верник, а утрото како неверник. Тој ќе ја продаде својата вера за незначителна овоземна корист.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 118]
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги поттикнува верниците да побрзаат и да се посветат на правењето добри дела, пред тие да станат недостапни или спречени поради појавата на искушенијата и сомнежите што ќе ги одвраќаат од нив. Тие искушенија се мрачни како темната ноќ, каде вистината и лагата ќе бидат измешани, што ќе им отежнува на луѓето да ги разликуваат. Од нивната тежина, човекот може да се занесе, па да го дочека утрото како верник, а вечерта како неверник, или пак вечерта како верник, а утрото како неверник. Тој ќе ја остави својата вера за минливи овоземни уживања.