عَنْ أَنَسٍ رضي الله عنه قَالَ:
كَانَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يُكْثِرُ أَنْ يَقُولَ: «يَا مُقَلِّبَ القُلُوبِ ثَبِّتْ قَلْبِي عَلَى دِينِكَ»، فَقُلْتُ: يَا رَسُولَ اللهِ، آمَنَّا بِكَ وَبِمَا جِئْتَ بِهِ فَهَلْ تَخَافُ عَلَيْنَا؟ قَالَ: «نَعَمْ، إِنَّ القُلُوبَ بَيْنَ أُصْبُعَيْنِ مِنْ أَصَابِعِ اللهِ يُقَلِّبُهَا كَيْفَ يَشَاءُ».
[صحيح] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي: 2140]
المزيــد ...
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал:
,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘
Па го прашав: ,О, Божји пратенику, ние веруваме во тебе и во она со што дојде. Па зарем се плашиш за нас?‘
Тој одговори: ,Да, бидејќи срцата се меѓу два прста од Аллаховите прсти, и Тој ги превртува како што сака.‘“
[صحيح] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي - 2140]
Најчестата дова на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше барањето од Аллах за постојаност во верата и покорноста, како и за заштита од заблудата и скршнувањето од вистинскиот пат. Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, се зачуди што пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, толку често ја изговарал оваа дова, па тој му објаснил дека срцата се меѓу двата прста од прстите на Аллах, и дека Тој ги превртува како што сака. Срцето е седиштето на иманот и неверството, а неговото име „калб“, што на арапски означува нешто што се менува, укажува на неговата постојана превртливост. Тоа се менува побрзо од сад во кој силно врие. Кого Аллах сака, неговото срце го упатува и го зацврстува во верата, а кого сака, го оддалечува од упатството и го остава во заблуда.