Хадис: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, жртвуваше два рогати црни овна со белило на врвовите на влакната. Ги закла со своја рака, изговарајќи ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘, а потоа ја стави својата нога врз нивните бокови.“
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, жртвуваше два рогати црни овна со белило на врвовите на влакната. Ги закла со своја рака, изговарајќи ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘, а потоа ја стави својата нога врз нивните бокови.“ [صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 5565]
Објаснување
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за курбанскиот бајрам жртвувал два рогати бели овна со црни дамки. При тоа изговорил: „Бисмиллах, Аллаху екбер“ и ја ставил својата нога врз нивните вратови.
من فوائد الحديث
Пропишаноста на жртвувањето курбан е утврдена според консензусот на сите муслимани.
Најдобро е курбанот да биде од видот што го жртвувал веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи има убав изглед, а неговото месо и маст се највкусни.
Имамот Невеви вели: „Препорачливо е човек самиот да го заколе својот курбан. Ако му го препушти на друг, тоа треба да биде само од оправдана причина. Во таков случај, се препорачува да присуствува при колењето. Доколку му го довери на друг муслиман, тоа е дозволено без разногласие.“
Ибн Хаџер вели: „Од хадисот разбираме дека при колењето е препорачливо да се изговори ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘. Исто така, се препорачува да се стави ногата врз десната страна на вратот на курбанот. Сите исламски алими се согласни дека животното треба да се положи на левата страна, за да му биде полесно на колачот – со левата рака да ја држи главата, а со десната да го користи ножот.“
Препорачливо е курбанот да биде со рогови, но дозволено е да биде и без рогови.