عَنْ أَبِي مُوسَى رضي الله عنه قَالَ:
سُئِلَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَنِ الرَّجُلِ يُقَاتِلُ شَجَاعَةً، وَيُقَاتِلُ حَمِيَّةً، وَيُقَاتِلُ رِيَاءً، أَيُّ ذَلِكَ فِي سَبِيلِ اللهِ؟ فَقَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «مَنْ قَاتَلَ لِتَكُونَ كَلِمَةُ اللهِ هِيَ الْعُلْيَا، فَهُوَ فِي سَبِيلِ اللهِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1904]
المزيــد ...

Ебу Муса, радијаллаху анху, вели:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил прашан за човекот кој се бори за да покаже храброст, заоној кој се бори заради лојалност и за оној кој се бори за слава (убав помен) – кој од нив е на Аллаховиот пат? Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на ова прашање, одговорил: ,Оној што се бори за да се воздигне Аллаховиот збор, тој е на Аллаховиот пат.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1904]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил прашан за намерите на борците: некој се бори бидејќи е храбар, некој пак затоа што е лојален кон некого, додека третиот за да биде забележан од луѓето, или од некоја друга причина. Кој од нив е на Аллаховиот пат? Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговорил дека борец на Аллаховиот пат е оној што се бори за да се воздигне и да надвладее Аллаховиот збор.

من فوائد الحديث

  1. Исправноста или неисправноста на делата зависи од намерата и искреноста во нивната посветеност на Аллах.
  2. Ако целта на џихадот е возвишување на Аллаховиот збор, а притоа постои и друга дозволена намера, како што е стекнувањето на воен плен, со тоа не се нарушува основната намера.
  3. Одбраната од непријателите бранејќи ја татковината и светите места се дел од џихадот на Аллаховиот пат.
  4. Одликите што се спомнуваат за борците на Аллаховиот пат, се однесуваат само на оние кои се борат да надвладее и да се воздигне Аллаховиот збор.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (55)