+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَا يَزَالُ البَلاَءُ بِالمُؤْمِنِ وَالمُؤْمِنَةِ فِي نَفْسِهِ وَوَلَدِهِ وَمَالِهِ حَتَّى يَلْقَى اللَّهَ وَمَا عَلَيْهِ خَطِيئَةٌ».

[حسن] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي: 2399]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“

[حسن] - [رواه الترمذي وأحمد] - [سنن الترمذي - 2399]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека искушенијата и неволјите постојано ќе го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, преку здравствени проблеми и телесни потешкотии; во нивните деца, преку болест, смрт, непослушност или други искушенија; како и во нивниот имот, преку сиромаштија, пропаст на трговијата, кражба, финансиски загуби и ограничен ризк. Сето тоа е причина преку која Аллах ги брише нивните гревови и престапи, така што, кога ќе Го сретнат, ќе бидат очистени од нив.

من فوائد الحديث

  1. Од Аллаховата милост кон Неговите робови е тоа што им ги брише гревовите уште на овој свет преку неволјите и искушенијата кои ги снаоѓаат.
  2. Самите скушенија се доволни за бришење на гревовите, но под услов човекот да биде верник. Ако остане трпелив и не негодува, ќе биде награден за тоа.
  3. Трпението е потребно во сите животни околности, како во благосостојбата така и при потешкотиите. Човекот треба да биде истраен сè додека не го исполни она што Аллах му го наредил и сè додека не се воздржи од она што Аллах го забранил, надевајќи се на Неговата награда и плашејќи се од Неговата казна.
  4. Зборовите „верникот и верничката“ јасно укажуваат дека ова ветување важи подеднакво и за жените. Дури и ако беше спомнат само верникот, и жените ќе беа опфатени, но со ова посебно се истакнува дека и кога жената ќе биде погодена од искушение, таа ќе ја има истата награда – бришење на гревовите и престапите.
  5. Она што му ја олеснува болката на човекот од постојаните искушенија е свеста за големата награда што произлегува од нив.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الصربية الكينياروندا الرومانية المجرية الموري المالاجاشية الكانادا الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...