+ -

عَنْ ابْنِ عَبَّاسٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«إنَّ اللَّهَ تَجَاوَزَ لِي عَنْ أُمَّتِي الخَطَأَ وَالنِّسْيَانَ وَمَا اسْتُكْرِهُوا عَلَيْهِ».

[قال النووي: حديث حسن] - [رواه ابن ماجه والبيهقي وغيرهما] - [الأربعون النووية: 39]
المزيــد ...

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллах за мојот умет преминал (нема да ги земе на одговорност) преку грешката, заборавот и она на што биле присилени.“

-

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека Аллах му простил на неговиот умет во три ситуации: Прво: при грешка – кога човекот направил нешто без намера; кога со своето дело сакал да постигне едно, но резултатот излегол спротивен на намерата. Второ: при заборав – кога човекот бил свесен за нешто, но во моментот на делото го заборавил; и во таков случај за него нема грев. Трето: при присила – кога човекот е принуден на нешто што не го сака и нема можност да ја отстрани таа принуда. Тогаш за него нема ниту грев ниту укор. Сепак, треба да се напомене дека хадисот се однесува на односот меѓу човекот и неговиот Господар во поглед на правењето нешто што е забрането. Но, ако човек поради заборав пропушти да изврши наредба – таа обврска не се укинува. Исто така, ако по грешка предизвика штета кон друг човек, неговото право не пропаѓа. На пример: ако некој по грешка убие човек – должен е да плати крварина; или ако по грешка оштети нечие возило – должен е да ја надомести штетата.

من فوائد الحديث

  1. Аллаховата безгранична милост и благост се манифестираат во тоа што Тој не ги смета за гревови делата на Неговите робови, кога ќе згрешат, во овие три ситуации.
  2. Аллаховата благодат кон Пратеникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и кон неговиот умет.
  3. Простувањето на гревот не значи укинување на прописот или на обврската за компензација/обесштетување. На пример: ако некој заборави да земе абдест и клања мислејќи дека има абдест – нема грев за тоа, но сепак е должен да земе абдест и да го повтори намазот.
  4. За да се отстрани гревот во случај на присила мора да бидат исполнети одредени услови – како, на пример, присилувачот навистина да има моќ да го спроведе она со што се заканува.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية التايلندية بشتو الأسامية الألبانية الأمهرية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الدرية الصربية الطاجيكية الكينياروندا المجرية التشيكية الموري الكانادا الولوف الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية الخميرية
Преглед на преводи
Повеќе...