+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه:
أَنَّ رَجُلًا قَالَ: يَا رَسُولَ اللهِ إِنَّ لِي قَرَابَةً أَصِلُهُمْ وَيَقْطَعُونِي، وَأُحْسِنُ إِلَيْهِمْ وَيُسِيئُونَ إِلَيَّ، وَأَحْلُمُ عَنْهُمْ وَيَجْهَلُونَ عَلَيَّ، فَقَالَ: «لَئِنْ كُنْتَ كَمَا قُلْتَ، فَكَأَنَّمَا تُسِفُّهُمُ الْمَلَّ وَلَا يَزَالُ مَعَكَ مِنَ اللهِ ظَهِيرٌ عَلَيْهِمْ مَا دُمْتَ عَلَى ذَلِكَ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2558]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува
дека некој човек рекол: „,О, Божји пратенику, имам роднини кон кои се однесувам добро, а тие ја прекинуваат врската со мене. Им правам добро, а тие ми возвраќаат со зло. Им покажувам благост, а тие се однесуваат грубо кон мене.‘ Тогаш, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговорил: ,Ако е навистина така како што велиш, тогаш ти како да ги храниш со жежок пепел. И сè додека продолжуваш да постапуваш така, постојано ќе имаш помошник од Аллах против нив.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2558]

Објаснување

Еден човек му се пожали на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека има роднини кон кои постапува добро, но тие му возвраќаат спротивно на тоа; ги одржува роднинските врски со нив и ги посетува, а тие ги прекинуваат односите со него; им прави добрина, покажува верност и благост, а тие му возвраќаат со неправда и грубост; трпелив е спрема нив и им простува, но тие кон него се однесуваат лошо и го навредуваат. Па го прашал:
„Дали треба да продолжам да одржувам врска со нив и покрај сето ова?“
Тогаш, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговорил:
„Ако е точно така како што велиш, тогаш ти ги засрамуваш и понижуваш во нивните души, како да ги храниш со жежок пепел, бидејќи твојата добрина е очигледна, а нивните лоши постапки се срамни за нив самите. И сè додека продолжуваш така, Аллах ќе ти даде поддршка против нив и ќе те заштитува од нивната штета, сè додека ти останеш на својот пат на добрина, а тие продолжат со нивното лошо однесување спрема тебе.“

من فوائد الحديث

  1. Возвраќањето на злото со добрина може да биде причина оној што прави зло да се врати на вистинскиот пат, како што Возвишениот Аллах вели: „На злото возврати му со добро, па непријателот твој одеднаш близок пријател ќе ти стане.“ (Фусилет, 34)
  2. Послушноста кон Аллах, дури и ако човек трпи штета, е причина за Неговата помош на верникот.
  3. Прекинувањето на роднинските врски носи болка и казна на овој свет, и грев и одговорност на Ахиретот.
  4. Муслиманот треба да го бара Аллаховото задоволство во своите добри дела и да не дозволи лошото однесување на луѓето или нивното прекинување на врските да го одвратат од неговите убави навики.
  5. Вистинскиот одржувач на роднинските врски не е оној што возвраќа само на добрината, туку оној што продолжува да ги одржува врските дури и кога тие се прекинати.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية التايلندية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية النيبالية المجرية الجورجية
Преглед на преводи